Мускултура е методологија на еден сосема нов стандард во исхраната и вежбањето.
Ценета од луѓе со сериозен пристап, Мускултура е место на луѓе од разни возрасти и професии но со заеднички интерес: здрава исхрана и правилно вежбање за здрав дух и посилно тело.
Ние градиме нова мускулна култура.
Поканети сте.
Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.
НОВИ СТАТИИ:
Како до рамен стомак? „Правете ги овие седум вежби и постигнете рамен стомак за две недели!“ Аха. За да се постигне рамен стомак или видливи стомачни мускули многу фактори влегуваат во игра. Не постои едно решение, како на пример потенцирање на стомачни вежби, или само исхрана или некој магичен суплемент. За тоа е потребен систем…
Details
Вежбата што следи во прилог е вежба за стомачни мускули која ја дадовме како одговор на едно од прашањата на читател на Мускултура. Прво да разјасниме нешто. Мускулите сместени во средиштето на телото се многу битни ако сакаме поголема стабилност на телото, сила и потпора за другите делови. Сите стомачни мускули спаѓаат во средиштето на…
Details
Загревање пред тренинг е нешто што мора да се прави без разлика какви вежби ќе изведувате. Покрај загревање на мускулот, што е задолжително, тука ќе опфатиме и еден друг, често занемарен аспект на загревањето. Колку пати сте слушнале за проблеми со колена, не можат да прават чучњеви, болки во долниот дел од грбот па не…
Details
Ако една теорија содржи зборови што звучат едуцирано, како калориски суфицит и дефицит, тоа не значи дека е исправна. Станува збор за многу популарна теорија, која вели дека ако имаш суфицит или повеќе калории во исхраната отколку што трошиш – ќе се здебелиш, а ако имаш дефицит или внесуваш помалку отколку што трошиш – ќе…
Details
Како да извлечете максимум од секој тренинг? Одговорот е – интензивен тренинг. Од што зависи тоа? . Од видот на вежби што се изведуваат. Од тежините со кои се вежба. Од бројот на опфатени мускули. Од должината на паузи помеѓу серии и вежби. Од бројот на повторувања, серии и вежби. Од времетраењето на целиот тренинг.…
Details
Нашироко во научната литература, учебниците, бодибилдингот, нутриционизмот, медицината – прифатено е дека јаглехидратите се најдобриот извор на енергија за телото. Односно дека телото во главно треба енергијата да ја добива од гликоза. Во нивните препораки за здрава дневна исхрана се вели дека најголемиот дел, односно 45-65% од калориите во храната треба да доаѓаат од јаглехидрати.…
Details
ГЛУТАМИН Глутамин е аминокиселина што во споредба со сите други е најзастапена во телото. За време на интензивен тренинг нивото на глутамин значително се намалува. Така се намалува силата, кондицијата и потенцијалот за закрепнување. Суплементација со глутамин може значително да ги намали овие ефекти. Глутаминот има клучна улога во растот на мускулите. Го намалува трошењето…
Details
Добиваме прашања зошто и покрај тоа што вежбаат подолго време, некои вежбачи не можат да постигнат дефинирани мускули а немаат многу вишок сало. Имаат некои резултати, поголеми мускули, посилни се, итн., но изгледаат заоблено. Стомачните не се познаваат, другите мускули изгледаат надуено и не се јасно изразени. Колку е тоа „немање многу вишок сало“, е…
Details
При внес на поголема количина сол, во телото се излачува вазопресин – хормон кој е поттикнат во зависност од концентрацијата на сол во крвта. Вазопресин е хормон кој го регулира производството на урина во мочниот меур. Се излачува од жлезда во мозокот. Колку поголема концентрација сол има во крвта, толку повеќе се излачува овој хормон…
Details
БЦАА (BCAAs – Branched Chain Amino Acids) Аминокиселините се градбената единица на протеинот исто како што протеинот е градбената единица на мускулите. БЦАА се три конкретни аминокиселини: леуцин, валин и изолеуцин. Се нарекуваат аминокиселини со разгранет ланец бидејќи нивната молекуларна структура не е линеарна како кај другите аминокиселини туку содржи разгранет ланец. Спаѓаат во групата…
Details