Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Што значи „добар протеин“

Што значи „добар протеин/суплемент“?

Овде не зборуваме за разликата помеѓу разните извори на протеини, како сурутка, говедски…, итн. За тоа прочитајте тука.

Често слушаме прашања и коментари што се однесуваат на „добрината“ на некој протеински прашок како суплемент. Дали некој протеин во прав е добар или не, е прашање на кое многу често површно се одговара. Генералното мислење е дека ако доаѓа од голема, реномирана компанија за суплементи, тогаш тоа е добар протеин.

Тоа е вистина само во светот на популарната маркетрикинг филозофија. Во реалниот свет тоа нема никаква врска.

Популарноста ја купуваат лесно. Таа потоа носи уште повеќе пари. Со тие пари се купуваат „експертски мислења“ или „истражувања“ и се менуваат стандардите за тоа што е добро, а што лошо. Се потенцираат добрите страни, често и се измислуваат и се лепат како светкави етикети, а лошите страни не се споменуваат или се претставуваат како добри.

Ќе платат неколку спотови или слики со професионални бодибилдери како го држат во рака тој протеин и луѓето мислат бодибилдериве пораснале со тој протеин. И дека ако пиеме и ние – ќе преземеме по малку од нивните мускули.

Ако е нешто лошо не значи дека лошото е веднаш видливо. Ефектите од лошите работи, често доаѓаат постепено и невидливо после одреден временски период. А кога ќе дојдат, доаѓаат како да паднале од небо и затоа тешко се поврзуваат со вистинскиот извор.

Пример за маркетрикинг:

ПРИРОДНО. НЕ СОДРЖИ ШЕЌЕР. ЗА РАСТ НА МУСКУЛНА МАСА. ПОМАГА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ.

🤫 Ама затоа содржи аспартам.

Потоа кога светот стана посвесен за ефектите од аспартамот, почнаа да велат:

НЕ СОДРЖИ АСПАРТАМ.

🤫 Но затоа сега содржи не еден туку најчесто ДВА вештачки засладувачи, исто толку лоши: СУКРАЛОЗА и АЦЕСУЛФАМ-К (ацесулфам-калиум / аcesulfame-potassium).

Тоа е светот на истражувањата каде секоја страна има свое истражување за да си ги поткрепи целите додека во исто време популацијата се гуши во превисок инсулин и нарушено здравје.

А некои протеини покрај овие два засладувачи содржат и стевија, што во рекламните текстови го искористуваат за маркетрикинг како „содржи стевија“ или „засладен со стевија“ што во превод е ставање на потрошувачот во заблуда.

Ultra Premium Whey Build

Ова е таков еден случај. Погледнете што пишува на нивниот вебсајт, а истиот текст се преведува и користи на други дистрибутерски страници каде се продава овој протеин.

Во текстот дури велат и „Друга предност на Ultra Premium Whey Build е дека е засладен со стевија.“

Маркетрикинг во рекламите за суплементи

Каква врвна предност. Се чини дека нема вештачки засладувачи, нема шеќер, само стевија.

Ајде да видиме:

Вештачки засладувачи во протеините | Што значи добар протеин?

Покрај тоа што е засладен со стевија, тој е засладен и со два вештачки засладувачи: сукралоза и ацесулфам-к. Значи лажно се претставува како протеин засладен со природен засладувач. Затоа стевијата тука не е никаква „предност“. Дополнително, во етикетите – состојките со поголема застапеност во производот (треба да) се наведуваат први. А бидејќи не е наведено колку проценти содржи, можно е стевија да содржи и 1% од вкупната содржина на засладувачите, но тие сепак велат засладен со стевија иако е засладен со сукралоза и ацесулфам-к, а од трите засладувачи најмалку содржи стевија. Овој протеин слободно се продава и слободно се купува нашироко, па и во Македонија.

Од сета галама тешко е да се примети дека овој прашок всушност содржи 70% протеини, што не нѝ личи на нешто што треба да се нарече Ултра премиум. Премиум значи: со повисок квалитет од нормалното. А ултра… Ни за ликовите на Марвел не се користат толку врвни придавки како во рекламите за суплементи.

Повеќе параметри влегуваат во равенката „што е добар протеин“

Добар протеин не е она што компаниите најчесто велат дека е. Ниту само зборовите на продавачот или добриот дизајн на амбалажата. Затоа ги отворивме нашите рецензии.

Параметри за „добар протеин“:

  • Додатни супстанци во прашокот (колку помалку, толку подобро)
  • Дали содржи вештачки засладувачи како аспартам (E 951), сукралоза (E 955), ацесулфам-к (E 950) или други
  • Содржина на млечен или друг шеќер (колку помалку, толку подобро)
  • Каде е произведен (Европски VS Амерички и познавање на тамошните регулативи)
  • Од кои извори доаѓа (млеко, месо, растенија…)
  • Профил на аминокиселини (кои аминокиселини се присутни и во кои количини)
  • Како се хранети животните од кои доаѓа протеинот, дали со трева или зрна
  • Дали содржи ГМО или не
  • Дали животните примале хормони или не
  • Цената
  • Искреноста на компанијата

Има и други трикови кои се користат, како пумпање на протеините, или припишување на својства од супстанци кои се минимално, односно недоволно присутни во суплементот но сепак го рекламираат и со нивните својства.

Култура каде рецепторите за вкус имаат гласачко право

Многу од протеините се благи како турско кафе со 8 лажици шеќер, а може и да се држат отворени еден час и потоа цела недела домот ќе ти мириса на пример на парфем од ванила. Постојат повеќе вкусови (и мириси) за протеини отколку мириси за омекнувачи за алишта. Тоа е интересна особина која и те како нема никаква врска со мускулите.

Дури сретнавме и аминокиселини во таблети кои ги прават со засладувач – за едната секунда додека седат во устата пред да ги голтнеш со вода – да го осетиш блаженството на благиот вкус.

Протеините се суплемент за мускулна маса. Тие се наменети за мускулите а не за сетилото за вкус. Мускулите не осеќаат вкус.

Конзумерската политика на маркетрикингот го има истренирано денешниот човек да мисли дека од сè што внесува мора да искуси врвно, екстатично задоволство.

Тоа се помешани вредности.

Еве пример како ЦЕО-то на една компанија за суплементи (BPI Sports, меѓу најреномираните) вели дека нивниот ФОКУС е во дигестибилност и ВКУС на протеините. Исто така додава и дека протеинот може да се користи како замена за оброк, што не е вистина.

Не е ѕверски да одиш во теретана, да ги пумпаш мускулите, да се надминуваш себе си секојпат, а потоа да одиш и да шмукаш вкусови на јаготка.

Вкус на протеините?

Протеините треба да ги прават со вкус на железо. Постојано да те потсеќа што е тоа што го креваш во теретаната.

Ова не е говор против вкусовите. Ова е говор против инфантилниот маркетрикинг чии параметри за „добар производ“ се веќе цврсто втемелени во културата. Толку втемелени што луѓето не гледаат со умот што има таму, туку гледаат преку вкусот. И затоа речиси никој не ги забележува хормоналните уништувачи присутни во буквално 99% од протеинските прашоци. Штом е вкусно, квалитетот е топ, си велат. Денешната култура е подесена да „расудува“ преку вкусот и боите. И за жал огромен дел од вкусовите што ѝ се нудат се штетни.

Знаеме дека полесно се пие кога е вкусен. Но зошто кај човек што крева железа, прашањето „дали полесно се пие“ воопшто да има некаква улога? Не само некаква, најчесто и пресудна.

Ако некој сака да ужива во вкусови, нека јаде пудинг.

Или нека научи како да прави вкусни оброци или шејкови без негативни последици.

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Вежбањето дава плусNextNext post:Една тајна на здравата кетоза

Muskultura.mk +

Vezbanje bez rezultati
Вежбањето не лекува лоша исхрана
06/05/2022
Чит-деј или не?
04/05/2022
Кето диета
Обид за пропаганда против кето начинот на исхрана
19/04/2022
Траен успех со кето диета
Една тајна на здравата кетоза
05/02/2022
Сируп за слабеење | Sirup za slabeenje | Caj za slabeenje | Чај за слабеење
Изгубете 50 кг за три месеци, а можеби и ќе исчезнете
22/01/2022
Разбуди ја машкоста
Разбуди ја машкоста
13/12/2021
Instagram

muskultura.mk

Muskultura
Калорично или помалку калорично? Ни едното ни другото.
Зборот „калорија“ доаѓа од латинскиот calor што значи „топлина“.
Калоричноста на разните видови храна се одредува со калориметри, направи во кои се мери силината на согорувањето 💥 односно топлината што се оддава кога предметот гори. Во калориметарот буквало ставаат храна и одредуваат колку калории содржи според тоа како гори односно колку топлина емитува. 🔥
Телото има хормони и безброј интерни процеси и не гори сè што ќе ставите во него.
Телото не е калориметар. 💪

https://muskultura.mk/ishrana/
Резултатите се гледаат во с Резултатите се гледаат во статистиките. Никогаш претходно немало толку избор на храна и никогаш претходно немало толку високи стапки на заболувања. Но ти не мораш да бидеш дел од општиот тренд.

https://muskultura.mk/програми-за-исхрана-и-вежбање/
Честит Велигден, празнувајте во здравје и хармонија. 🤗
#ketodiet #keto #healthy #happy #trainingprogram # #ketodiet #keto #healthy #happy #trainingprogram #nutritionprogram #fitnessgoals #кетоисхрана #успех #фитнес #фитнесцели #мускултура #правилнаисхрана #правилновежбање #livestronglivewell #вежбање #vezbanje #pravilnaishrana #бидифит
Load More... Follow on Instagram
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Порачај

Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење