Muskultura.mk е создаден за луѓето кои се стремат да го зајакнат своето тело.
Имајте професионален пристап и став во вашиот стремеж. Ова подразбира подетално разбирање на механизмите што ќе ве доведат до подобро градено и посилно тело.
Целта на Мускултура е да ви го даде потребното знаење за да го изградите вашето тело такво какво што посакувате да биде.
Тука нема да читате за финти за слабеење со вода и краставица. Нема да ви кажеме дека треба да верувате во диети и утрински церемонии со цимет. Ниту со ѓумбир. Тие финти се најпривлечни за оние кои мислат дека знаат, а не прават ништо.
Единствената „финта“ е да знаеш што да правиш и тоа да го правиш.
Телото е тврдоглав механизам. Сака да остане такво какво што е.
Доколку сте решени да направите промена, спремете се за следното ниво.
Старт!
Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.
Вода Водата е една од главните составни делови на телото и еден од нај, најважните нутриенти. Таа се користи за да се транспортираат разните супстанци и ги овозможува биохемиските процеси во телото. Мускулите се составени од преку 70% вода. Телото е адаптивен механизам, па ако не пиете доволно вода, тоа ќе се обиде да се…
Details