Целта да се изгради посилно или поубаво тело не се остварува само преку вежбање или исхрана туку со правилен систем кој ги опфаќа сите важни фактори.
Тој правилен систем не е еден шаблон еднаков за сите.
Работете директно со Мускултура во постигнување на вашата цел.
Понудени се два плана за вежбање и исхрана кои опфаќаат: градење мускулна маса, губење вишок масти, естетски изглед, достигнување пропорции и симетрија, поправка и зајакнување на повреден дел, зголемување на силата, подобрување на перформансот во конкретен спорт.
Откако ќе оствариме контакт и ги добиеме сите потребни информации, ја добивате вашата програма.
Програмата ja добивате со сите потребни податоци – програмите за исхрана и вежбање, вежбите, опис на оброци, инструкции и совети. Програмата за вежбање содржи опис на секој тренинг, кои вежби, видео за изведба на секоја вежба, тежини, број на повторувања, серии и интензитет на тренингот и други клучни фактори. Вежбите зависно од условите може да се изведуваат дома или во теретана.
Без разлика дали сте искусен вежбач, почетник, машко или женско, програмите ги формираме според вашата телесна структура, моменталната состојба и што сакате да постигнете. За да постигнеме ефект потребно е најмалку два месеци да се водите по планот и програмите. И за еден месец може да се постигнат резултати, меѓутоа не размислувајте скромно! Како што ќе добивате резултати, тоа ќе го рефлектираме и во програмите. Ефектот секако зависи и од вашата моментална состојба, целите и посветеноста, но не сте сами, на патот нè имате нас – исто како што нè имавте и досега, само сега уште поблизу!
Формиравме два плана. Ако се следи прецизно планот, тоа ќе даде постојан прогрес. Тоа значи константно подобрување.
План 1
Погоден за секој што сака да постигне позитивна трансформација или да дојде на своето следно ниво. Вежбајте со сигурен и прецизен тренинг-режим и програма за правилна исхрана. Вака ќе остварите побрз прогрес од она што се смета за нормално. А дополнително, преку инструкциите и консултациите со Мускултура ќе имате уште посигурен прогрес.
План 2
Погоден за секој што сака: подетално следење на прогресот како и целосно зајакнување на телото, не само мускулите туку и другите делови од кои зависи силата; таргетирано зајакнување на перформансот во одреден спорт; справување со повреда која го успорува прогресот; зајакнување на посебен дел од телото. Овој план е специјално дизајниран за да се постигне таквата цел.
Што содржи планот |
План 1 | План 2 |
Програма за исхрана со оброци | √ | √ |
Програма за вежбање со инструкции и видеа за секоја вежба | √ | √ |
Две лични консултации месечно | √ | √ |
Совети за елиминирање на други фактори што можат негативно да влијаат на твојата цел | √ | √ |
Инструкции за квалитетна суплементација доколку е потребна | √ | √ |
Параметри за следење на вашиот прогрес кон максимум резултати | √ | |
Три лични консултации неделно | √ | |
Пресметани поединечни оброци со точен дневен внес на протеини, масти и јаглехидрати како што е најсоодветно за тебе | √ | |
Специјална програма со вежби за подобар перформанс во фудбал, кошарка, ракомет, тенис, боречки вештини и други спортови | √ | |
Вежби за опоравок од минати повреди и заштита од идни | √ | |
Програма за специјална суплементација за побрз и целосен опоравок од минати повреди | √ | |
Цени (месечно): | 500 ден. | 3.000 ден. |
Плати онлајн: | КУПИ | КУПИ |
Во тимот за изработка на програмите учествуваат:
- Дино Николиќ – креатор и автор на Мускултура
- д-р Маре Стевковска – Магистар по медицински науки; Доктор на медицина
- Бојан Диков – професор по физичко образование, спорт и здравје; фитнес тренер; тренер за физичка подготовка на спортисти
- Зоран Глоговац – професор по физичко образование, спорт и здравје
Нашите тренинг режими го третираат телото како целокупен систем а не како склоп од посебни мускули. Хормоналниот одзив е првото нешто што прави мускулите да растат а не засебното вежбање на засебни мускули.
Ако вежбате многу вежби за бицепс а со лош хормонален одзив, ќе постигнете безброј пати помалку успех во споредба со една вежба за бицепс но со добар хормонален одзив. Нашите стратегии за вежбање и исхрана се центрирани околу максимум хормонален одзив за максимум раст, сила и топење на вишок масти.
Добра програма за вежбање бара и правилна програма за исхрана. Грешките во исхраната може да го загушат ефектот од вежбањето и обратно – грешките во вежбањето може да го срушат ефектот од исхраната.
Експертизата и применливоста се бесценети, нешто што често го кажуваат многу од нашите читатели и пријатели:
„Мускултура – Top of the Top. Податоци кои можат СЛОБОДНО да ги користат и професионални спортисти и други на која било годишна возраст. Придобивките се невероватни. Зголемување на енергијата, подобро спиење, полесно извршување на секојдневните активности, будност. Сите придобивки објаснети во Мускултура се постигнуваат уште при првата примена!“ – Бобан Бабунски
„Браво за деталната програма!! Да знаете дека сум презадоволен од пристапот, професионален и конкретен, за мене! Баш како што ви е сајтот профи!!“ – А. Г.
„Многу убаво и прецизно објаснето.
Секој коментар освен WOW би бил премал.“ – М. Д.
„Ви благодарам уште еднаш за стручните совети, за краток период постигнав за мене прекрасни резултати.“ – Д. Т.
„Еве, по две недели се чувствувам многу енергично и симнав видливо на обем.“ – И. М.
„Голем поздрав и продолжете напред со наука против закоравените сваќања 💪💪💪“ – К. К.
_______
Плаќањето е безбедно и се врши преку картичка, на PayPal, најкористениот систем за онлајн паќање. Во рок од 24 часа по уплатата стапуваме во контакт!
Не е потребно да имате отворено сметка на PayPal за да извршите уплата. Ако не сте регистрирани на PayPal, уплатата може да ја извршите како гостин. Уплатата се обновува секој месец и обновувањето може да го сопрете во секој момент.
Ова е твојот следен чекор кон посилно и подобро градено тело.