Мускултура е брзорастечки бренд и концепт на еден сосема нов стандард во исхраната и вежбањето.

Ценета од луѓе со сериозен пристап, Мускултура е место на луѓе од разни возрасти и професии но со заеднички интерес: здрава исхрана и правилно вежбање за здрав дух и посилно тело.

Ние градиме нова мускулна култура.

Поканети сте.

Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.

НОВИ СТАТИИ:

Како да правите мртви кревања

Мртви кревања (deadlifts) – незаменливи за силно и добро градено тело Вежбата мртво кревање е една од најмоќните вежби бидејќи таа работи на многу мускули одеднаш. Го активира целото тело и ваквата активација е клучна за повисок хормонален одзив на тестостерон и хормонот за раст. Формата со која се изведува вежбата е многу важна за…

Details

Како да правите чучњеви

Чучњеви – незаменливи за силно и добро градено тело Чучњевите се една од најсилните ако не и најсилната вежба што постои. Зборуваме за чучњеви со слободни тежини, не на машина. Машините ве стабилизираат, помагаат, а слободните тежини го тераат вашето тело самото да се балансира. Тоа овозможува создавање вистинска сила, бидејќи силата не е само мускул.…

Details

Внимавајте на гејнери полни со шеќер

Зошто дел од индустријата  за суплементи нуди толку многу производи и гејнери полни со шеќер? . Бидејќи навистина мал број луѓе читаат содржина и количина на шеќери Бидејќи е евтино за производство а се рекламира и продава како „Најново откритие во науката“ Бидејќи заради успорување на метаболизмот, се раѓа потреба од дополнителна суплементација Бидејќи на…

Details

Диетални влакна, незаменливи за хормоналниот баланс

Диетални влакна и хормоналниот систем Балансот на хормоните може да се наруши заради повеќе фактори. Хормоналниот систем функционира толку поврзано што кога еден хормон излегува од баланс, и другите излегуваат. Факт е дека исхраната има огромна улога во постигнувањето и одржувањето хормонален баланс. Овде ќе обрнеме внимание на еден многу важен дел од исхраната –…

Details

Брзи и спори мускулни влакна

Мускулни влакна Телото има неколку видови на мускули или мускулни влакна, но тука зборуваме за скелетните мускули. Тоа се мускулите  поврзани со скелетот и се дел од механичкиот систем кој го движи телото. Тоа се мускулите кои сакаме да ги зголемиме и дефинираме. Од овој тип на мускули постојат два вида мускулни влакна: брзопотезни и…

Details

Слабеење

Мастите од исхраната не ве дебелеат Спротивно на популарното мислење, мастите не се демонот. Преку нив телото може да создава енергија и да ги одржува есенцијалните органи како што е мозокот. Без разложените масти, вашето тело не би функционирало. Истото важи и за инсулинот – тој е потребен да ги снабдува органите со енергија за…

Details

Прогресивно зголемување на тежини

Прогресивно зголемување на тежини значи постепено зголемување на тежините за вежбање. Зголемувањето се прави од тренинг во тренинг или измеѓу повеќе тренинзи. Тоа овозможува прогрес во зголемувањето на мускулна маса и сила. Доколку сакате непречено да растете, да ги зголемувате вашата мускулна маса и сила, еве ги принципите кои го овозможуваат тоа. Хормоналниот одзив кој…

Details

Спиење

  Можеби изгледа необично зошто на Мускултура има цела страница посветена само на спиење кое е „многу едноставна работа“. Меѓутоа голем број од луѓето не спијат доволно долго или во најдобриот временски период. Затоа решивме на оваа исклучително важна работа да ѝ посветиме поголемо внимание и да разјасниме некои клучни елементи. И секако, спиењето е дел…

Details

Принципите на вежбање со тежини

Почетник Покрај тоа што почетник е некој што сè уште навлегува во вежбањето, учи кои вежби за што се, се запознава со опремата за вежбање, тегови, шипки, справи…, учи како да ги изведува вежбите со правилна форма, како да дише додека вежба – има друг критериум што го прави почетник. Првите адаптации кои настануваат кај…

Details