Принципите на вежбање со тежини
Принципите кои се тука опишани ќе имаат најголемо влијание врз вашето вежбање со тежини. Без разлика какви совети добивате од луѓе со искуство во вежбање, овие принципи се неменливи. Некои од тие совети се сигурно и добри. Mеѓутоа ако за една иста работа прашате десет луѓе со искуство во вежбањето, многу е веројатно дека ќе добиете различни дури и спротивни одговори.
Без разлика на полот и дали тренирате бодибилдинг, уличен тренинг, вежби со сопствена тежина…, доколку имате цел да постигнете посилно, добро градено тело, ова се принципите како тоа се прави.
Телото е адаптивен механизам.
Зависно од условите со кои се соочува, телото секогаш се обидува да се реструктуира себеси со цел да биде поспособно да опстане во истите.
Доколку телото е изложено на напор или стрес, тоа ќе реагира така што ќе настојува да се реструктуира за да биде поспособно да издржи таков стрес во иднина.
Телото многу вешто и прецизно се адаптира зависно од видот на напорот под кој се наоѓа. Погрешен напор = погрешни адаптации. Ова нѝ кажува дека вежбањето со другите фактори како темпото, вежбите, колку често вежбаме, времетраење на тренингот, итн., итн., треба да се добро испланирани за да се постигнат пожелните промени.
На пример, човек кој е навикнат да работи канцелариска работа, почнува да работи со рачно сечење дрва. Тој најверојатно ќе добие плускавци на рацете заради триењето на кожата. Напорот кој го чувствува врз неговото тело и болката од воспалението се резултат на тоа дека не е навикнат на овој конкретен вид на стрес.
Неговото тело ќе ја поправи штетата. По одреден период подложено на ваков напор, да речеме две недели, телото ќе биде поттикнато да направи и повеќе од само поправка на штетата. Телото ќе се обиде да преземе мерки да се заштити од ваквиот напор за во иднина. Заштитата во овој конкретен случај би била формирање на плускавец. Таму кожата се стврднува и после некое време помалку или воопшто не боли, односно станува поотпорна на триењето. Така, телото се реструктуира себеси на таков начин да понатамошен стрес од иста природа и обем предизвикува сè помала штета.
Телото ќе се реструктурира преку маневрирање со факторите на физички стрес.
Вежбање со цел да се реконструира телото значи: