Суплементи се додатоци во исхраната кои значително можат да влијаат на вашиот прогрес во развивање на тело какво што посакувате. Сите суплементи не се исти и не сите од нив ги постигнуваат рекламираните резултати.
Суплементите се помош, додаток и појачување, а не најважната работа за постигнување на поголема мускулна маса или естетски изградено тело. Најважната работа се всушност три нешта: правилно вежбање, правилна исхрана и сон. Суплементите се подгрупа на исхраната. Ако правилно се користат тие можат да овозможат далеку подобри резултати со вашите тренинзи.
Постојат илјадници суплементи на пазарот и секоја компанија се стреми да ги пласира и продава. Многу од нив се промовирани така да изгледа дека човек со самото нивно конзумирање автоматски ќе постигне резултати. Суплементите имаат полн ефект само со 1) правилно вежбање, 2) правилна исхрана и 3) сон. Ниту еден суплемент не е доволно моќен да замени ниту една работа од светата тројка.
Суплементите, вежбањето и исхраната не се засебни, независни области. Тие се директно поврзани и меѓусебно зависни. Нашите програми за исхрана и вежбање ги содржат овие области како цел еден поврзан систем. Затоа резултатите се супериорни.
Најважните и најдобрите суплементи кои се воедно и најкористени од страна на вежбачите се: протеин од сурутка, креатин, бцаа, глутамин, витамини и минерали. Овие додатоци во исхраната се воедно и најпроверените и оние за кои има најмногу практични докази дека даваат резултати. Едноставно кажано, оние кои најмногу вреди да се конзумираат доколку сте одлучиле да употребувате додатоци во вашата исхрана.
Други популарни но помалку важни суплементи се Л-Карнитин, трибулус, разни напитоци за пред вежбање (pre-workout), бета-аланин. Нема корист да конзумирате Л-Карнитин, трибулус или pre-workout наместо кој било од долунаведените суплементи. Секој еден од долунаведените додатоци во исхраната дава многу поголеми ефекти од оние на трибулусот, карнитинот или каков и да е pre-workout.
Најкорисните суплементи
_____
_____
БЦАА (BCAAs – Branched Chain Amino Acids)
_____
_____
_____
Суплементите взаемно дејствуваат со хормоните
Наведените дози за внес на секој од суплементите се наша препорака базирана на нивниот ефект врз одзивот на хормоните како едни од најважните двигатели и поттикнувачи за раст на мускулната маса.
Важна забелешка при изборот на суплементи и разни „протеински“ производи
Жално е што огромен број суплементи, дури и најкорисните – се уништени со додатни супстанци заради кои се нарушува користа од самиот суплемент. Повеќето од тие супстанци се синтетички и имаат разорен ефект врз дигестивниот систем, попречуваат апсорпција на нутриенти, создаваат подуеност, стрв, итн. Токму на овие суплементи ги пишува најубавите изјави како:
- „100% природен протеин“, со 100% вештачки додатоци
- „Без додаден шеќер“, но со три вештачки засладувачи
- „Премиум квалитет“, излитена фраза која се печати на амбалажата уште пред да се знае името на производот
- „Појачува сила“, со натчовечка доза кофеин (дрога)
- „Клинички тестирано“, без разлика на адитивите, безбедни сте, како и со сите лекови, супстанци и хемикалии
- „Вегански производ“, напишано на пример на путер од кикирики
- „Погодно за дијабетичари“, согласно денешните препораки и најлошата храна ја нарекуваат така
- „Без глутен“ е корисно за нетолерантни на глутен, но не значи дека е 100% чисто од сè друго
- „Висока содржина на протеини“, бутај соја
- „Намалена содржина на масти“, божем е поздраво
- „Засладено со стевија“, но и со други вештачки засладувачи кои ги пишува со ситни букви позади
Од исклучителна важност е да знаеме што купуваме. Купувањето е ГЛАВНАТА причина зошто постојат вакви изопачени производи.