Кето рецепти

Кога здравиот начин на исхрана станува приоритет, само тогаш може да се дојде до ниво на вистинско и безболно уживање во храната.

Сето она во кое луѓето сакаат да уживаат, а не е здраво: торти, кремови, пици, теста – со кето начинот на исхрана станува возможно, а притоа добивате вистинска храна, која го снабдува вашиот организам со потребните нутриенти!

Нашите рецепти се испробани во пракса и се формулирани за да бидат целосен оброк. Тоа значи дека ако јадете кето колачиња, тие ќе бидат со добар сооднос на протеини и масти, ќе изобилуваат со диетални влакна и минерали. Колку необично, јадеш торта и не го согоруваш својот организам со тоа, напротив дури и внесуваш минерали. Еј, среќо! 😁

Во оваа рубрика – „КЕТО РЕЦЕПТИ“, ќе пронајдете најразновидни но здрави – солени и благи оброци. (Со правилно кето и благото може да биде оброк!)

Ве поттикнуваме да нѝ испраќате фотографии од кето оброците кои ги припремивте – да ја споделиме убавината со светот!

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист

КЕТО РЕЦЕПТИ:

Дино Николиќ - гостување на утринска во ТВ Телма - Мускултура

Врската помеѓу телото и умот | Кето оброк: похувано пилешко + кето десерт

Проследете го моето денешно гостување во Утринска на Телма, каде со Кате зборувавме за врската помеѓу телото и умот и споделив два прекрасни кето рецепти. Во кратко време споделив круцијални животни информации. Како телото и умот влијаат еден на друг? Зошто откажувањето од старите навики и градењето нови навики не е секогаш лесно? Дали е…

Details
Гостување во ТВ Телма | Митови во исхраната и вежбањето

Митови во исхраната и вежбањето | Гостување во Телма ТВ | Кето чизкејк

Проследете го моето гостување во Телма ТВ каде дегустиравме кето чизкејк и разбивавме митови за исхраната и вежбањето. Митовите доаѓаат во најголема мера од стручните, а не од нестручните. Заради тоа се вкорениле во секој сегмент од животот, особено во клучните аспекти на менталното и физичко здравје. И заради тоа е тешко да се препознаат,…

Details
Keto tartufi

Кето тартуфи | Кето рецепт

Со правилна исхрана, десертот од овие бомбици е пригоден како замена за масти во даден оброк (за веднаш по оброкот). Една бомбица заменува околу 15 гр масло. Превкусни се, а воедно доста јаки заради мастите. Со правилен пристап и уживањето може да биде хранливо.

Details
Рецепт за кето протеински леб

Рецепт за кето протеински леб

Овој леб е многу хранлив, вистински здрав и заситува. Со него може да правите тостови, сендвичи и да го користите како додаток во кое било јадење. Може да се мачка со млечен путер, ајвар (без додадени јаглехидрати) или путер од кикирики/лешници.

Details