Официјалните насоки понудени како решенија:
„Прехранбената индустрија може да игра значајна улога во промовирањето здрава исхрана преку:
– намалување на содржината на масти, шеќер и сол во процесираната храна;
– обезбедување за сите потрошувачи пристап до здрави и хранливи избори;
– ограничување на маркетингот на храна богата со шеќери, сол и масти, особено оние намирници наменети за деца и тинејџери; и
– обезбедување на пристапен избор на здрава храна и поддршка на редовната практика на физичка активност на работното место.“
(Божем прехранбената индустрија отсекогаш го промовирала тоа што е здраво и правилно, а не тоа што се троши.)
Често слушаме совети да се избегнува процесирана храна иако во неа спаѓаат и:
- Кашкавалот и сирењето
- Киселите краставички
- Путерите од јатки
- Хумус
- Пастеризирано млеко
Гледате како добиваме општи совети кои повеќе го збунуваат човек отколку што му даваат насока. Односно совети кои прават да се храните дури и полошо отколку кога би јаделе на слепо.
Советот да се избегне додавање масти, сол и шеќер изгледа разумен но всушност е многу штетен. Заради него никој не ги приметува високите количества на јаглехидрати во намирниците. Односно доколку намирницата не содржи додаден шеќер, масти или сол, таа се смета за ОК. На пример мусли. Или оризови галети и крекери (имаат повисок гликемиски индекс и од белиот шеќер).
Препораките не велат ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ ВЕШТАЧКИТЕ БОИ, ВЕШТАЧКИТЕ ВКУСОВИ, АРОМИ И ЗАСЛАДУВАЧИ, туку велат бегајте од СОЛ?
Солта е лоша бидејќи го качувала притисокот, а долгогодишно пиење лекови за намалување притисок е добро. Особено со фактот што тие лекови го намалуваат тестостеронот и ја намалуваат плодноста и резултираат во оштетување на ФИЛТРАЦИОНАТА СПОСОБНОСТ на бубрезите коешто предизвикува и пораст на токсични материи во организмот. Но тоа е добро. А солта без која се јавува летаргија, депресија, умор во мускулите… е лоша.
Овие стандардни препораки, принципи и ставови се всушност ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ.
Како склоп од принципи и правила, тие се веќе подготвени како што гледате и потоа се дистрибуираат надолу. Односно во државите тие влегуваат во учебниците и регулативите, се изучуваат од населението, влегуваат во медицинските, спортските, нутриционистичките наставни материјали и курсеви, и потоа се дистрибуираат како принципи на дејствување преку најголемиот број лекари, тренери и нутриционисти. И ги добивате вие како насока, совет, препорака, наредба, третман. Тоа значи дека денешниот човек е добро подготвен од страна на едукацијата да размислува на тој начин и да прифаќа сè што звучи слично на тоа, односно радо да ги прифаќа и да ги дава стандардните утврдени препораки. Затоа, околу 50% од населението во Европа и преку 65% во САД, се на лекови за притисок, за шеќер и антидепресиви.
Затоа, речиси секој човек денес има вишок килограми, а речиси половина имаат екстремен вишок.
Не го купувајте советот дека проблемот е во општеството. Примете ја идејата дека решението е во ВАС. За да се стави тоа решение во пракса потребна е работа на таа тема, работа со која практично ќе воведете начин на живот базиран на здрави принципи во сите можни аспекти (исхрана, активност, емоции, стрес, продуктивност…). Денес, тоа е попотребно од кога било претходно.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
09.05.2024