
Ова не е објаснување како да се одмасти црниот дроб и да се вратиме на истите навики кои го замастиле. Да – црниот дроб се замастува од тоа што го внесуваме, храна, пијалоци, алкохол.
Кај лице со здрави животни навики, кое внесува правилна исхрана и правилно вежба и нема хронично покачен кортизол – ризикот за замастување на црниот дроб е во пракса речиси непостоечки.
Најголемите замастувачи на црн дроб:
- Високи содржини јаглехидрати (висок инсулин)
- Алкохол
- Овошен шеќер (фруктоза)
Еден познаник ме прашуваше за совет во врска со исхраната. Имаше мал вишок кг особено во стомачниот предел. И секое сабајле си земал чиа пудинг со банана и си пиел по некој овошен сок. „Се тудам здраво да се хранам и многу овошје јадам“, велеше, фалејќи се како тоа да е херојско дело во грижата за себе. Најде да се обрати кај човекот кој ќе му каже речиси сè спротивно на тоа што овој мисли дека е исправно 😄. Дискутиравме за овошјето и почна да објаснува дека е здраво, содржело витамини и сл. Му објаснив околу шеќерите и како премногу овошје доведува до замастување на црниот дроб. Се подзамисли и рече: „Знаеш, имаш право. Јас од пред некое време имам некое замастување на црниот дроб.“

„Се обложувам дека на никој не му текнало за овошјето“, реков јас, на што тој одговори: „Не само тоа, туку докторката ми велеше да јадам овошје.“
Докторите не учат многу за исхраната. Тоа е толку вистина што сега во САД се спроведува специјална програма за да се имплементира едукација за исхраната во секоја поединечна фаза од обуката на лекарите.
Па така докторката можеби не знаела за омиленото хоби на овошниот шеќер наречен фруктоза – да предизвика замастување на црниот дроб и инсулинска резистентност во црниот дроб!
Овошниот шеќер не е единствената причина, можеби потпивнувал плус по некое пиво/вино/ракија, исхраната преполна со јаглехидрати… И фактот што 50% од белиот и кафеавиот шеќер е фруктоза.
Со неправилна исхрана, црниот дроб се замастува. Со правилна исхрана, се одмастува.
Студија (од август 2024 год)
Две групи на луѓе со замастен црн дроб, подложени на исхрана со еднаков број на калории, при што едната група била подложена на исхрана со висока содржина јаглехидрати и ниска содржина масти (она што класично денес се смета за здрав пристап), а другата група на кетогена исхрана со ниска содржина јаглехидрати и висока содржина масти. Потенцирам, двете групи внесувале еднаков број на калории. Потоа групите ги смениле диетите, така што сите учесници минале низ двата начини на исхрана.
Главните резултати
- Кетогената исхрана го намалила количеството на масти во црниот дроб за дури 35% за само 4 дена.
- Исхраната со многу јаглехидрати не довела до никакво намалување на количеството на масти во црниот дроб.
- Со кетогената исхрана, телото почнало побрзо да ги согорува сопствените масти за да добие енергија.
- Подобра работа на инсулинот: нивото на инсулин во крвта се намалило, а црниот дроб станал многу посензитивен на инсулин (обратно од инсулинска резистенција во црниот дроб).
- Се намалило нивото на триглицериди и инсулин во крвта (на гладно).
Зошто се случило ова?
Истражувачите заклучиле дека мастите во црниот дроб се намалиле поради три главни причини:
- Се намалил процесот наречен де ново липогенеза (создавање нови масти од немасни извори, воглавно од јаглехидрати)
- Телото почнало да користи (согорува) масти како главно гориво за енергија
- Се зголемило производството на кетони (енергетски молекули што црниот дроб ги создава од мастите).
Затоа преку исправни чекори во животниот стил досега на програма се имаат одмастено многу црни дробови!
Од почетокот на Мускултура пишувам за тоа дека не се сите калории исти. Опасно е да се бројат калории, а да не се гледа нивниот извор:
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
13.01.2026







