Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Кето и интервално постење
    • Кето намирници
      • Кето култура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Кето и интервално постење
    • Кето намирници
      • Кето култура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Зошто секогаш потенцирам ПРАВИЛНА исхрана и ПРАВИЛНО вежбање? Што значи тоа?

Како во музиката знаеме дали некои ноти се исправни или не? Исправните ноти даваат хармонија на звукот.

Во животот хармонијата има многу форми. Околу безброј.

Кога знаеш дека треба да правиш нешто, а имаш умор или не ти се прави, тоа е обратно од хармонија.

Кога треба да работиш, а те боли глава, тоа не е хармонија со телото.

Кога треба да спиеш, а не можеш да заспиеш, тоа не е хармонија.

Кога сакаш да разговараш, а не можеш да слушаш, тоа не е хармонија, ниту со себе, ниту со соговорникот.

Сите инстанци на дисхармонија потекнуваат од еден или повеќе фактори кои ја нарушиле хармонијата.

Затоа, ПРАВИЛНО не е тоа што некој вели дека е, правилно е кога резултира во зголемена хармонија на дело. Правилната исхрана и правилното вежбање ја зголемуваат хармонијата во животот. Да, толку се моќни.

Како „изгледа“ хармонијата

Заспиваме кога нѝ е време за тоа. Кога работиме, работиме слободно, со помал напор, без телесни потешкотии. Немаме чувство дека се мачиме, не се чувствуваме папсано. Не бараме издувни вентили бидејќи не собираме како претходно. Еланот за живот и работа расте, добиваме повеќе идеи, ги реализираме, го шириме опсегот на нашите успеси. Позитивно влијаеме на околината и оние околу нас.

Многу полесно можеме да се воздржиме од штетни навики, дури до степен да не мораме воопшто да се возджуваме – навиките исчезнале.

Кога ќе си зададеме цел, ја извршуваме. Ако не успееме, не се откажуваме и не се омаловажуваме. Ниту им се лутиме на други за тоа. Нашиот стремеж останува силен и истраен, со чиста насока и фокус.

Кога сакаме да завршиме некоја работа, ефикасно ја завршуваме и се чувствуваме добро потоа. Не сме пролонгирале, не сме залутале во други работи, не сме се откажале, туку сме успеале.

Кога комуницираме, многу полесно можеме да го сослушаме соговорникот без импулс да „му вратиме“, да се браниме, да напаѓаме, туку контролирано ја водиме конверзацијата. Самото тоа не создава дополнителен отпор кај соговорникот, со што се намалуваат изгледите за негативни исходи од разговорот. Ефективно се намалува нивото на вознемирувања и несогласувања. Многу посмирено ги доживуваме ситуациите. Дури и кога нештата останале непроменети – спремни сме да се соочиме со нив без отпор. А тоа ги отвара вратите кон вистинска промена.

Стара мудрост е „почни од себе“, но нов е начинот како, и тоа во контекст на денешниот стил на живот.

 

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
06.01.2026

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Каде е „нашето време“ – спој на духовното и физичкотоNextNext post:Главните митови и заблуди за простите и сложените јаглехидрати

Muskultura.mk +

Исхрана за мускулен раст и ментален мир
20/01/2026
Здрав и замастен црн дроб - хепар
ОДМАСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
13/01/2026
Д-р Берг против ChatGPT
Колку добар здравствен советник е ChatGPT??
23/07/2025
Марикс | Матрица
Разговори со матриксот
05/06/2025
Во потрага по себе
04/01/2025
Македонија
Празник со лекција која е засекогаш релевантна, особено ДЕНЕС
11/10/2024
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Исхрана според телесната форма
👇

Ова не е вртење во круг, туку  запаѓање во сè полоша верзија од себеси.
Патот кон подоброто е навистина едноставен. 
www.muskultura.mk
Тоа што не е здраво, не може Тоа што не е здраво, не може да биде здраво без разлика кој го рекламира и колку блескав маркетинг работи во позадината.

Мускултура не прави компромис и одбивме разни понуди да рекламираме производи што ги сметаме за штетни. Никогаш нема да се случи за ниедна цена. 

Само со позитивен притисок и одбивање да се купуваат производи со штетни адитиви се прави вистинска промена, бидејќи производителите го даваат тоа што го бараме (купуваме).
Има само 2️⃣ причини за јој Има само 2️⃣ причини за јојо ефект: 
www.muskultura.mk/jojo-efekt-vo-ishranata/
Наместо да мораш да се присилуваш, да се убедуваш, да се преубедуваш и бориш со себе, одбери хармонија со себе.

Читај www.muskultura.mk
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење