ГЛУТАМИН
Глутамин е аминокиселина што во споредба со сите други е најзастапена во телото.
За време на интензивен тренинг нивото на глутамин значително се намалува. Така се намалува силата, кондицијата и потенцијалот за закрепнување. Суплементација со глутамин може значително да ги намали овие ефекти.
Глутаминот има клучна улога во растот на мускулите. Го намалува трошењето на мускулите и влијае позитивно врз метаболизмот со што овозможува побрзо закрепнување односно градење мускулна маса. Тоа е најчестата причина зошто се користи како додаток – да го забрза процесот на закрепнување.
Исто така влијае многу позитивно на имунитетот и може да биде добра превентива за оние кои искусуваат настинки, температури или алергии после тренинг.
Еден од неговите најважни ефекти е зголемување на способноста на телото да го лачи хормонот за раст што помага во топење на мастите и раст на мускулите.

Протеините во прав содржат глутамин но ако го прочитате составот на аминокиселините на пакувањето веројатно ќе видите дека наведена е друга состојка – глутаминска киселина (исто така аминокиселина). Овие две работи не се исти. Глутаминската киселина не е глутамин но телото ја користи како сировина да создаде глутамин. Постојат компании кои специјално додаваат глутамин во протеинските прашоци. Но огромна е разликата во ефектот на глутаминот ако се внесува дополнително како суплемент. Така се потенцира неговото дејство.
Достапен е преку храна која е богата со протеини, особено месото. Како суплемент постои во форма на прав и таблети/капсули. Таблетите обично имаат многу повеќе додатоци отколку прашокот. Прашокот особено ако нема додадени други состојки е подобра варијанта. И секако најчесто е поевтин од таблетите.
Кога и колку се внесува?
По редослед на важност, 5 грама пред спиење, 5 грама пред тренинг, 5 по тренинг. Во зависност од вашите можности, конзумирајте онолку пати колку можете тргнувајќи според наведениот редослед. Препорачливо е да се пие заедно со протеинските шејкови.
Доколку дневно би морале да се ограничите на 5 грама, најдобро е тоа да биде за пред спиење. Тогаш глутаминот ќе има најголем ефект бидејќи директно помага во закрепнувањето и растот на мускулите што претежно се одвива додека спиеме.
Најдобрите суплементи од повеќе аспекти
Припазете на пакувањето и брендот. Не се сите глутамини еднакво добри. Некои содржат додадени супстанци што можат да предизвикаат нарушување на хормоналниот баланс, разни алергиски реакции.






