Мускултура e методологија на еден сосема нов стандард во исхраната, вежбањето и начинот на живот.

Ценета од оние со сериозен пристап, Мускултура е место на луѓе од разни возрасти и професии но со иста цел: да го воздигнат својот живот преку постигнување ново ниво на физичко и ментално здравје.

Ние градиме нова мускулна култура.

Поканети сте.

Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.

НОВИ СТАТИИ:

Естроген

Естроген, функција и дефиниција

Терминот естроген се однесува на група од хемиски слични хормони доминантни во женското тело и одговорни за развивање и одржување на женските карактеристики. Естроген има и во машкото тело, но во многу помала количина. Мали количини од тестостеронот секогаш се конвертираат во естроген во машкото тело. Главната состојка која ја врши конверзијата (претворањето) се наоѓа…

Details

Кортизол, функција и дефиниција

Кортизол е хормон кој зголемено се излачува во моменти на физички или ментален стрес. Односно, во моменти на голем напор, како вежбање или долготрајно трчање, разни стресни животни ситуации. Исто така постои зголемено излачување на кортизол во моменти на изгладнетост и ненаспаност. Тој е неопходен за телото во нормално ниво. Врши многу важни функции, на…

Details

Тестостерон, улога и дефиниција

Тестостерон е еден од најважните хормони кога станува збор за градење мускулна маса. Во човековото тело, кај машките се произведува главно во тестисите и многу мал дел во други жлезди. Кај жените се произведува во јајниците, но во многу помала количина отколку кај машките. Тој е директно одговорен за сексуалниот нагон и игра голема…

Details

Вежба за рамо: стоечко кревање шипка над глава

Вежба за рамо Некои митови што ја придружуваат се дека ги оштетувала колената и/или кичмата. Тие митови произлегуваат од оние кои ги имаат оштетено колената или кичмата заради вежбање кое не го третира телото како систем. Правилното, балансирано вежбање ги јакне и колената и кичмата за да можат И ТИЕ да го поднесат товарот. Оваа…

Details

Вежба за грб: веслања со шипка

Веслања со шипка (barbell rows) е во главно вежба за грб. Бидејќи спаѓа во групата сложени вежби, таа влијае на повеќе мускули одеднаш. Мускули кои се вежбаат со веслањата:   Грб (долен, среден, горен) Лептир Трапез Ромбоид Бицепс Задно рамо Веслања – како се изведува оваа вежба за грб: Шипката треба да ја подигнете со едно…

Details

Како да вежбате гради со кревање шипка на рамна клупа (Бенч прес)

Вежба за гради со шипка на рамна клупа (Bench press) Оваа вежба важи за една од најдобрите вежби за гради. Помоќна е од кабли, еднорачни тегови и сл., бидејќи овозможува кревање на многу големи тежини кое го поттикнува излачувањето на тестостерон повеќе од другите вежби за гради. Формата со која се изведува вежбата е многу…

Details

Како да правите мртви кревања

Мртви кревања (deadlifts) – незаменливи за силно и добро градено тело Вежбата мртво кревање е една од најмоќните вежби бидејќи таа работи на многу мускули одеднаш. Го активира целото тело и ваквата активација е клучна за повисок хормонален одзив на тестостерон и хормонот за раст. Формата со која се изведува вежбата е многу важна за…

Details

Како да правите чучњеви

Чучњеви – незаменливи за силно и добро градено тело Чучњевите се една од најсилните ако не и најсилната вежба што постои. Зборуваме за чучњеви со слободни тежини, не на машина. Машините ве стабилизираат, помагаат, а слободните тежини го тераат вашето тело самото да се балансира. Тоа овозможува создавање вистинска сила, бидејќи силата не е само мускул.…

Details

Внимавајте на гејнери полни со шеќер

Зошто дел од индустријата  за суплементи нуди толку многу производи и гејнери полни со шеќер? . Бидејќи навистина мал број луѓе читаат содржина и количина на шеќери Бидејќи е евтино за производство а се рекламира и продава како „Најново откритие во науката“ Бидејќи заради успорување на метаболизмот, се раѓа потреба од дополнителна суплементација Бидејќи на…

Details

Диетални влакна, незаменливи за хормоналниот баланс

Диетални влакна и хормоналниот систем Балансот на хормоните може да се наруши заради повеќе фактори. Хормоналниот систем функционира толку поврзано што кога еден хормон излегува од баланс, и другите излегуваат. Факт е дека исхраната има огромна улога во постигнувањето и одржувањето хормонален баланс. Овде ќе обрнеме внимание на еден многу важен дел од исхраната –…

Details