Велиме здрава кетоза или здрава кето диета бидејќи не е секоја кето диета иста, како што ни секое вежбање со тежини не е исто. Кето диетата може да се практикува и на нездрав начин, на пример со внес на нездрави масти или без внес на салати, или со процесирани меса. Доста детали може да ја направат кето диетата односно нејзините бенефити нецелосни. Тоа не би требало ни да се нарече кето диета но затоа ние правиме разлика и велиме здрава кетоза.
Кето диетата е позната од лаиците како диета за слабеење. Многу „авторитети“ кои имаат површно познавање од кето диетата ја нарекуваат диета за слабеење бидејќи најверојатно до таму стигнале во нивните пребарувања на гоогле.
Кетозата го зголемува нивото на хормонот за раст и овозможува жнеење на сите негови бенефити на природен начин. И затоа, доколку е придружена со правилно вежбање, таа е метод за подобри резултати во зголемување на мусулната маса и намалувањето вишок телесни масти.
Една од клучните работи во кето диетата е нешто неверојатно. Нешто што е толку спротивно на општоприфатените норми и разбирања, но интелигентно и мудро. Бидејќи кето диетата е начинот на кој човекот се хранеше за да преживее стотици илјади години, а не со оризови галети и интегрални лепчиња. Човештвото не преживеа на митовите на оние кои занесено ја пеат мантрата на лажната здрава исхрана која статистички го покопува светот со срцеви заболувања и дијабетес – мантрата која зборува за пирамидата на исхраната, полнозрнесто, цели зрна, лушпи, овошја, природно, природнооо.
Прекумерниот шеќер е причината за овие заболувања. Но првин да разјасниме две работи.
1) Шеќерот не е само бел или кафеав шеќер туку шеќерот што природно се создава во крвта по разложувањето на јаглехидратите од исхраната (од компири, леб, ориз, цели зрна, пола зрна, третина зрна, тестенини, слатки). Од каде и да е, шеќерот е шеќер.
2) ШЕЌЕРОТ Е 100% ПРИРОДЕН!
ГЛИКОЗАТА (најпроста форма на шеќер) Е 100% ПРИРОДНА. Таа нѝ доаѓа од мајката природа.
И АЛКОХОЛОТ е 100% природен.
Значи зборот природно е убав и често употребуван параван за здравје. Тој збор е главна состојка на митовите што доаѓаат од оние кои профитираат од истите. Оние кои сакаат да зависите од нив, бидејќи ако вие би јаделе правилно, тогаш тие стравуваат дека самите на крајот не би имале што да јадат – во најмала рака не би имало толку голема потреба од трошење пари за здравствено осигурување, лекови, третмани, операции, специјални препарати.
Е сега, тајната.
Во нашите програми за исхрана ова е природен закон.
Кој било човек со зголемена килажа, МОЖЕ ДА ЈАДЕ КОЛКУ САКА ВО ЕДЕН ОБРОК И ВО ЕДЕН ДЕН, СÈ ДОДЕКА СЕ ДРЖИ ДО ПРОДУКТИТЕ КОИ МУ СЕ ДАДЕНИ ВО МЕНИТО – А СЕПАК ДА ПОЧНЕ ДА ГО ГУБИ ВИШОКОТ МАСТИ И ДА ПОЧНЕ ДА МУ СЕ ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО И ЕНЕРГИЈАТА.
(+ во комбинација со правилно вежбање ова дава многу побрз мускулен раст од она што се смета за нормално.)
Ова навистина звучи спротивно на секој разум. И е спротивно, ако погледнете што поминува за „разум“ во денешно време.
Првата помисла би била дека ако човек може да јаде колку сака, и јаде 5 пати дневно по 400 грама месо на јадење и бескрајна количина масти сигурно е дека нема да слабее. Меѓутоа:
Кога некој ќе почне со здрава, правилна кето диета, тогаш честата стрвност и честото или преобилно јадење – НЕ МОЖАТ ДА ТРААТ ДОЛГО. Со внесување на исправност, неисправностите (честата глад и честата стрв за јадење, потребата за благо, покачениот шеќер во крвта, губењето енергија, неопходноста од дремки, вишокот сало…..) ИСЧЕЗНУВААТ.
Тој и да сака нема да може да јаде прекумерно кога се храни на правилен начин.
Прекумерната глад или желба за храна или ужинки или сокови, чипсови, благо, пити, пици… – почнува да се намалува сè додека не исчезне бидејќи таа НЕ Е ПРИРОДНА за човековото тело. Таа е единствено и само резултат на денешната „стандардна“ исхрана. На општествениот тренинг што децата го имаат уште од мали за тоа како да јадат за да станат дијабетичари кога ќе пораснат.
Не само што таква е исхраната, туку човек е од сите страни упорно теран да стане дијабетичар! Тој живее во општество каде се продава МЕД на кој пишува „погодно за дијабетичари“!!! Каде што лебот и житата се сметаат за врв на исхраната. Каде што доктор советува земање на вештачки засладувач СУКРАЛОЗА кој всушност поттикнува зголемено излачување инсулин и без внес на јаглехидрати! Тоа дополнително ја исцрпува жлездата што лачи инсулин, коешто е една од главните причини за дијабетес! (Сите суплементи и производи кои содржат сукралоза треба целосно да се избегнат, НЕ СЕ ЗДРАВО КЕТО И НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЗДРАВО КЕТО.)
Смени ја исхраната и си променил многу во животот.
Кога се храниш на начин кој е навистина природен и исправен за телото, тогаш телото почнува да се однесува исправно. Таа исправност носи поголема енергија, побистар ум, трга магла од главата.
Затоа во нашите програми на почетокот ние не браниме човек да јаде буквално колку сака. А после почетокот не ни имаме потреба да браниме бидејќи апетитот е веќе нормален и здрав. Од таа позиција се создава понатамошниот напредок. Битката со стрвта е една од најпрвите добиени битки.
Тогаш човек нема да има неприродни пориви да јаде често или преобилно, гладта нема да штипе туку ќе биде многу лесна, умерена, стабилна и нема да го изместува нити да му ги окупира мислите како тоа што го прави стрвта. Нема стрвови, нема ропство на своето тело.
Ние сме господари на нашите тела.
_____
Слушни ја оваа статија на подкастот на Мускултура. (Снимените верзии не се секогаш исти со текстот.)