ГЛУТАМИН
Глутамин е аминокиселина што во споредба со сите други е најзастапена во телото.
За време на интензивен тренинг нивото на глутамин значително се намалува. Така се намалува силата, кондицијата и потенцијалот за закрепнување. Суплементација со глутамин може значително да ги намали овие ефекти.
Глутаминот има клучна улога во растот на мускулите. Го намалува трошењето на мускулите и влијае позитивно врз метаболизмот со што овозможува побрзо закрепнување односно градење мускулна маса. Тоа е најчестата причина зошто се користи како додаток – да го забрза процесот на закрепнување.
Исто така влијае многу позитивно на имунитетот и може да биде добра превентива за оние кои искусуваат настинки, температури или алергии после тренинг.
Еден од неговите најважни ефекти е зголемување на способноста на телото да го лачи хормонот за раст што помага во топење на мастите и раст на мускулите.
Протеините во прав содржат глутамин но ако го прочитате составот на аминокиселините на пакувањето веројатно ќе видите дека наведена е друга состојка – глутаминска киселина (исто така аминокиселина). Овие две работи не се исти. Глутаминската киселина не е глутамин но телото ја користи како сировина да создаде глутамин. Постојат компании кои специјално додаваат глутамин во протеинските прашоци. Но огромна е разликата во ефектот на глутаминот ако се внесува дополнително како суплемент. Така се потенцира неговото дејство.
Достапен е преку храна која е богата со протеини, особено месото. Како суплемент постои во форма на прав и таблети/капсули. Таблетите обично имаат многу повеќе додатоци отколку прашокот. Прашокот особено ако нема додадени други состојки е подобра варијанта. И секако најчесто е поевтин од таблетите.
Кога и колку се внесува?
По редослед на важност, 5 грама пред спиење, 5 грама пред тренинг, 5 по тренинг. Во зависност од вашите можности, конзумирајте онолку пати колку можете тргнувајќи според наведениот редослед. Препорачливо е да се пие заедно со протеинските шејкови.
Доколку дневно би морале да се ограничите на 5 грама, најдобро е тоа да биде за пред спиење. Тогаш глутаминот ќе има најголем ефект бидејќи директно помага во закрепнувањето и растот на мускулите што претежно се одвива додека спиеме.
Најдобрите суплементи од повеќе аспекти
Припазете на пакувањето и брендот. Не се сите глутамини еднакво добри. Некои содржат додадени супстанци што можат да предизвикаат нарушување на хормоналниот баланс, разни алергиски реакции. Се мислите за некој одреден бренд? Во нашите програми може да добиете препорака за проверено добри суплементи.