Добиваме прашања зошто и покрај тоа што вежбаат подолго време, некои вежбачи не можат да постигнат дефинирани мускули а немаат многу вишок сало. Имаат некои резултати, поголеми мускули, посилни се, итн., но изгледаат заоблено. Стомачните не се познаваат, другите мускули изгледаат надуено и не се јасно изразени.
Колку е тоа „немање многу вишок сало“, е важно бидејќи само неколку проценти вишок масти можат да ја направат сета разлика. Ако ги земеме стомачните како репер, под 15% масти во тежината, веќе почнуваат да се познаваат. А бидејќи салото околу стомакот е многу тврдокорно, резултатите таму би се виделе подоцна отколку во споредба со другите делови. Со правилна исхрана и правилно вежбање ќе може да се постигне ефективно и трајно намалување на телесните масти до точка каде ќе има поголема дефиниција.
Вишок сало е главната причина за заоблен изглед без јасно дефинирани мускули кога веќе постои зголемена мускулна маса. Меѓутоа уште неколку многу важни фактори се во игра.
Задржување вода и заоблен изглед
- Тука видовме како телото задржува вода заради поголем внес на сол. Меѓутоа солта сама по себе не е единствената причина зошто телото и мускулите можат да изгледаат надуено од задржана вода. (Постојат разни здравствени состојби кои можат да предизвикаат задржување вода, но тука не станува збор за нив.)
- Друга причина е недоволен или небалансиран внес на витамини и минерали. Колку се важни? Да опишеме едно мало делче од нивната важност. Калиумот заедно со солта имаат улога да го регулираат балансот на вода во телото. Калиумот изнесува вода од клетките, солта внесува. Доколку телото има вишок сол ќе се стреми да ја исфрли солта. Заедно со солта си оди и калиумот. Кога калиумот се намалува (или нема доволен внес), телото се обидува да го задржи, што резултира и во задржување на сол и секако, вода.
- Недоволен внес на вода. Еве зошто.
- Главната причина за заоблен изглед е покачениот инсулин заради внес на јаглехидрати. Кога внесуваме јаглехидрати, тие се претвораат во шеќер во крвта. Инсулинот прави дел од тој шеќер да се транспортира во мускулите (како гликоген). И во овој случај телото задржува вода, бидејќи на секој грам гликоген постојат прикачени 2-3 грама вода. А кога складиштата за гликоген се полни, инсулинот го претвора остатокот шеќер во масти и го складира како сало. И бонус, инсулинот сам по себе задржува сол.
Надуени мускули не значи зголемени мускулни влакна.
Заоблени мускули без дефиниција секогаш значи вишок сало и многу гликоген во мускулите. Со многу гликоген во мускулите не може да се постигнат чисто дефинирани мускули, без разлика колку милиони изолациски вежби правите. Не може да се постигне ни ефективно топење на вишокот сало без разлика колку векови трчате ако потоа ги одржувате мускулите полни со гликоген. И се намалува потенцијалот за излачување тестостерон и хормон за раст. Има противлек.