Не, не се протеините од сурутка. Тука зборуваме за нешто покомплетно.
Протеините од сурутка се супер но многу е тешко да се најдат добри протеини од сурутка, особено заради додатоците што ги содржат. А и протеинот од сурутка сам по себе не е со правилен сооднос на протеини, јаглехидрати и масти. Секако секој оброк што не е во тој сооднос не е ни кето.
Кога протеинските прашоци не би имале толку јаглехидрати а би ја имале потребната количина масти и не би содржеле уништувачки додатоци (како што многу од нив содржат) тогаш би биле идеален суплемент односно храна.
Еве ова може ќе служи како идеја за производителите на протеини. А до тогаш и засекогаш потоа, имаме решение кое отсекогаш било тука само што не се сметало за суплемент.
Замислете суплемент кој има идеален сооднос на протеини, масти и јаглехидрати, е лесно достапен и не бара никаква припрема.
Тоа е кашкавалот.
Во табелата на исхрана можете да видите дека кашкавалот на 100 гр содржи 24 грама протеин, 33 грама масти и 2 грама јаглехидрати.
Неговиот сооднос на нутриенти е перфектен! Перфектна кето храна. Соодносот е 24/2/74, односно од вкупните калории: 24% доаѓаат од протеини, 2% од јаглехидрати и 74% од масти.
Кашкавалот е добар и за секој кој:
- Сака да ослабе (доколку не го внесува заедно со јаглехидрати како леб или компири).
- Сака да зголеми чиста мускулна маса.
Има уште.
Математика
Кашкавалот е поефтин и поисплатлив од протеинските прашоци.
Еве зошто.
- Еден грам чист протеин од протеински прашок од сурутка чини околу 2.3 денари. Еден грам чист протеин од кравји кашкавал чини околу 1.5 денари ако цената е околу 370 ден за кг.
- Значи кило чист протеин од протеински прашок е 2300 денари а од кашкавал е 1500 ден. Протеините од кашкавалот не се ништо послаби од протеините од прашокот, напротив!
- Плус за истите пари – мастите од кашкавалот доаѓаат гратис. Одлични, здрави масти.
- И уште 1 грам калциум на 150 гр кашкавал.
Не се сите кашкавали со ист сооднос на нутриенти ниту со еднаков производствен квалитет. Некои кашкавали имаат полош сооднос на нутриенти, чуден мирис на влага, некои немаат вкус. Но барем во кашкавали има избор и може да изберете некој од подобрите.
Се разбира овде зборуваме за млечен кашкавал (не за имитации).