Зошто дел од индустријата за суплементи нуди толку многу производи и гејнери полни со шеќер?
.
- Бидејќи навистина мал број луѓе читаат содржина и количина на шеќери
- Бидејќи е евтино за производство а се рекламира и продава како „Најново откритие во науката“
- Бидејќи заради успорување на метаболизмот, се раѓа потреба од дополнителна суплементација
- Бидејќи на сликите во рекламите ставаат развиени момци кои вежбаат долго, долго пред да се појави тој производ
Пример за општото сценарио
Ова е содржина од еден многу популарен гејнер – јаглехидратен напиток кој се промовира како напиток за пред тренинг и како суплемент за маса.
Содржината на 50 грама прашок е 41 грам шеќер. Тоа се 82% шеќер. Има само 4 грама протеин. Ова е производ на една од најреномираните светски компании, кој ден денес се произведува, рекламира и продава.
Човекот кој стои на рекламата е прво место на Мистер Олимпија за Аматери 2015 год., второ место на Арнолд Класик за Аматери 2013 година. Одлична телесна структура, мускулна маса и низок процент телесни масти. Сигурно е дека не станал шампион со конзумирање 41 грам шеќер по доза.
Овој гејнер чини околу 3000 денари. Вкупна тежина на пакувањето е 4,5 килограми, од кои 3,7 килограми се чист шеќер! 3,7 килограми шеќер чинат 150 денари. Ја сфаќате поентата.
Добар е само доколку сакаме да извршиме убиство на своите мускули и метаболизам, за многу пари.
Ова не е само еден мал пример од вакви гејнери полни со шеќер. Има многу такви. На пример еден сличен гејнер, за кој рекламата има тројца огромни шампиони, во една доза од 220 грама прашок има 59 грама шеќер.
Вакви продукти има илјадници.
Ваше е да се информирате, да ги читате етикетите, составот и содржината. Во нашите програми добивате и препораки за суплементи доколку треба.
Секако дека не се сите суплементи полни со шеќер. Напротив, суплементацијата е добредојдена и е од огромна помош. Меѓутоа треба да знаеме што, за кого, зошто, како, кога и колку се внесува.
Ако сакате да градите квалитетна мускулна маса наместо мускули надуени со шеќер, прочитајте:
Принципите на вежбање со тежини
Прогресивно зголемување на тежини
Исхрана според телесната форма
Гејнерите градат сало, а не мускули
Вистина е дека гејнерите ќе зголемат маса, но не мускулната маса. Мускулите се градат од протеини а не од јаглехидрати. Јаглехидратите се претвораат во шеќери во телото, па се складираат и во мускулите при што мускулите добиваат обем но не мускулна маса. Доколку се внесуваат јаглехидрати а мускулните и телесните залихи се полни, внесените јаглехидрати се претвораат во масти и се складираат како сало. Тоа дека јаглехидратите помагаат да се носат нутриенти до мускулот па така тој побрзо расте – е многу општо кажано и не значи ништо специфично. И креатинот носи нутриенти до мускулот. Но крвта е таа која носи протеини (разложени во аминокиселини) во мускулот и го гради – по наредба на хормонот за раст. А зголеменото присуство на јаглехидрати односно шеќер во крвта го потиснува хормонот за раст.
Не препорачуваме гејнери во никој случај, но доколку само сакате каква било зголемена тежина, може да послужат (со висока цена)
Кога станува збор за гејнери, дури и такви без додаден шеќер (односно кои содржат во главно сложени јаглехидрати) – не ги препорачуваме бидејќи и сложените јаглехидрати се претвораат во шеќер во крвта, кое предизвикува зголемено излачување на инсулин и директно го потиснува хормонот за раст.
Гејнери не препорачуваме освен ако не спаѓате во оваа телесна група и сте го одбрале „популарниот“ начин за качување на тежината и доколку не ве интересира дали тоа ќе биде мускул или вкупна телесна тежина. А доколку навистина не ви е важно дали зголемувањето на телесната тежина ќе биде во главно мускулна маса или не, тогаш каков било гејнер ќе „заврши работа“.
Прочитај: Слични трикови се прават и со доста голем број протеински прашоци наречени „говедски протеин“.
На производителите и продавниците за суплементи им посакуваме многу успех, приходи и профит, но од производи кои чесно се нудат, кои се тоа што велат дека се и кои се ефективни.
Мускултура никогаш нема да промовира суплемент за кој не верува дека е ефективен или суплемент пакуван на начин на кој ги става вежбачите во заблуда.