Придобивки за вежбање со тегови
Кога станува збор за вежбање со тежини, овој режим на исхрана овозможува многу побрзо градење мускулна маса истовремено со топење на вишокот масти.
Кето диета не е „диета за слабеење“. Би било многу кусогледо ако ја наречеме така. Секој аспект од еден здрав и правилен кето режим е во согласност со принципите на вежбање и градење поголема мускулна маса.
Како што видовме тука, јаглехидратите предизвикуваат намалување на хормонот за раст а со тоа се успоруваат придобивките од вежбањето.
Ако ги користиме нејзините фантастични ефекти врз телото и хормоналниот систем, кои воедно со правилно вежбање и доволно спиење се најповолни за градење мускулна маса, со кето диетата ќе постигнеме мускулен раст на најздрав и најефективен начин.
Спринтовите го појачуваат ефектот на кето диетата и обратно.
Ако ги прочитавте деловите за хормони, вежбање, исхрана, ќе увидите дека кето е во согласност со природните функции на телото во насока на здрав мускулен раст.
Да разјасниме нешто околу диетите.
Многу од нив се базирани на разни истражувања, авторитети, итн. Но резултатите се многу варијабилни и најчесто незадоволителни. На пример, погледнете ја стандардната препорачана диета и нејзините резултати во светот.
Некои кето диетата да ја нарекуваат „новиот хит“. Кетоните не се нов изум. Нашите далечни претци функционирале на кетони и масти. Тогаш немало исхрана полна со јаглехидрати и во секој случај не била достапна на секој чекор како што е денес. Тие морале да ловат за да јадат. Немале кроасани за ужинка.
Иако секое човечко тело е различно, на пример од аспект на генетската структура и сл., сепак секое тело подлежи на истите природни закони.
Идејата „Слушај си го телото“ и идејата дека секое тело има свои специфичности па тоа што важи за еден не важи за друг – се ограничени погледи.
Тоа не значи дека секое тело не подлежи на истите природни закони и механизми. И не значи дека телото не треба да те слуша тебе.
Телото може да има многу чудни желби и потреби. Но тоа е адаптивен механизам. Доколку јадете многу благо, тоа потоа ќе бара благо. Доколку често имате потреба за газирано, најверојатно често сте пиеле газирани пијалоци – телото се адаптирало, а кога не пиете газирано се јавува чувство на недостаток. Меѓутоа телото нема избор освен да почне да се адаптира. Адаптациите се често „бучни“ и тоа се „противи“ на разни начини. Но секогаш ќе се стреми да се адаптира, и на добро и на лошо. Затоа телото не е шефот – вие сте.
Сакате промена? Направете нешто ново. Резултатите ќе ја кажат приказната.