Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Што значи „добар протеин“

Што значи „добар протеин/суплемент“?

Овде не зборуваме за разликата помеѓу разните извори на протеини, како сурутка, говедски…, итн. За тоа прочитајте тука.

Често слушаме прашања и коментари што се однесуваат на „добрината“ на некој протеински прашок како суплемент. Дали некој протеин во прав е добар или не, е прашање на кое многу често површно се одговара. Генералното мислење е дека ако доаѓа од голема, реномирана компанија за суплементи, тогаш тоа е добар протеин.

Тоа е вистина само во светот на популарната маркетрикинг филозофија. Во реалниот свет тоа нема никаква врска.

Популарноста ја купуваат лесно. Таа потоа носи уште повеќе пари. Со тие пари се купуваат „експертски мислења“ или „истражувања“ и се менуваат стандардите за тоа што е добро, а што лошо. Се потенцираат добрите страни, често и се измислуваат и се лепат како светкави етикети, а лошите страни не се споменуваат или се претставуваат како добри.

Ќе платат неколку спотови или слики со професионални бодибилдери како го држат во рака тој протеин и луѓето мислат бодибилдериве пораснале со тој протеин. И дека ако пиеме и ние – ќе преземеме по малку од нивните мускули.

Ако е нешто лошо не значи дека лошото е веднаш видливо. Ефектите од лошите работи, често доаѓаат постепено и невидливо после одреден временски период. А кога ќе дојдат, доаѓаат како да паднале од небо и затоа тешко се поврзуваат со вистинскиот извор.

Пример за маркетрикинг:

ПРИРОДНО. НЕ СОДРЖИ ШЕЌЕР. ЗА РАСТ НА МУСКУЛНА МАСА. ПОМАГА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ.

🤫 Ама затоа содржи аспартам.

Потоа кога светот стана посвесен за ефектите од аспартамот, почнаа да велат:

НЕ СОДРЖИ АСПАРТАМ.

🤫 Но затоа сега содржи не еден туку најчесто ДВА вештачки засладувачи, исто толку лоши: СУКРАЛОЗА и АЦЕСУЛФАМ-К (ацесулфам-калиум / аcesulfame-potassium).

Тоа е светот на истражувањата каде секоја страна има свое истражување за да си ги поткрепи целите додека во исто време популацијата се гуши во превисок инсулин и нарушено здравје.

А некои протеини покрај овие два засладувачи содржат и стевиа, што во рекламните текстови го искористуваат за маркетрикинг како „содржи стевиа“ или „засладен со стевиа“ што во превод е ставање на потрошувачот во заблуда.

Ultra Premium Whey Build

Ова е таков еден случај. Погледнете што пишува на нивниот вебсајт, а истиот текст се преведува и користи на други дистрибутерски страници каде се продава овој протеин.

Во текстот дури велат и „Друга предност на Ultra Premium Whey Build е дека е засладен со стевиа.“

Маркетрикинг во рекламите за суплементи

Каква врвна предност. Се чини дека нема вештачки засладувачи, нема шеќер, само стевиа.

Ајде да видиме:

Вештачки засладувачи во протеините | Што значи добар протеин?

Покрај тоа што е засладен со стевиа, тој е засладен и со два вештачки засладувачи: сукралоза и ацесулфам-к. Значи лажно се претставува како протеин засладен со природен засладувач. Затоа стевиата тука не е никаква „предност“. Дополнително, во етикетите – состојките со поголема застапеност во производот (треба да) се наведуваат први. А бидејќи не е наведено колку проценти содржи, можно е стевиа да содржи и 1% од вкупната содржина на засладувачите, но тие сепак велат засладен со стевиа иако е засладен со сукралоза и ацесулфам-к, а од трите засладувачи најмалку содржи стевиа. Овој протеин слободно се продава и слободно се купува нашироко, па и во Македонија.

Од сета галама тешко е да се примети дека овој прашок всушност содржи 70% протеини, што не нѝ личи на нешто што треба да се нарече Ултра премиум. Премиум значи: со повисок квалитет од нормалното. А ултра… Ни за ликовите на Марвел не се користат толку врвни придавки како во рекламите за суплементи.

Повеќе параметри влегуваат во равенката „што е добар протеин“

Добар протеин не е она што компаниите најчесто велат дека е. Ниту само зборовите на продавачот или добриот дизајн на амбалажата. Затоа ги отворивме нашите рецензии.

Параметри за „добар протеин“:

  • Додатни супстанци во прашокот (колку помалку, толку подобро)
  • Дали содржи вештачки засладувачи како аспартам (E 951), сукралоза (E 955), ацесулфам-к (E 950) или други
  • Содржина на млечен или друг шеќер (колку помалку, толку подобро)
  • Каде е произведен (Европски VS Амерички и познавање на тамошните регулативи)
  • Од кои извори доаѓа (млеко, месо, растенија…)
  • Профил на аминокиселини (кои аминокиселини се присутни и во кои количини)
  • Како се хранети животните од кои доаѓа протеинот, дали со трева или зрна
  • Дали содржи ГМО или не
  • Дали животните примале хормони или не
  • Цената
  • Искреноста на компанијата

Има и други трикови кои се користат, како пумпање на протеините, или припишување на својства од супстанци кои се минимално, односно недоволно присутни во суплементот но сепак го рекламираат и со нивните својства.

[Ова е протеинот кој го препорачува Мускултура.]

Култура каде рецепторите за вкус имаат гласачко право

Многу од протеините се благи како турско кафе со 8 лажици шеќер, а може и да се држат отворени еден час и потоа цела недела домот ќе нѝ мириса на пример на парфем од ванила. Постојат повеќе вкусови (и мириси) за протеини отколку мириси за омекнувачи за алишта. Тоа е интересна особина која и те како нема никаква врска со мускулите и здравјето.

Дури сретнавме и аминокиселини во таблети кои ги прават со засладувач – за едната секунда додека седат во устата пред да ги голтнеш со вода – да го осетиш блаженството на благиот вкус.

Протеините се суплемент за мускулна маса и здравје. Тие се наменети за мускулите и здравјето, а не за сетилото за вкус. Сетилото за вкус лесно се манипулира, но ефектите од таа манипулација се гледаат по здравјето, енергијата, чувството.

Конзумерската политика на маркетрикингот го има истренирано денешниот човек да мисли дека од сè што внесува мора да искуси врвно, екстатично задоволство.

Тоа се помешани вредности.

Еве пример како ЦЕО-то на една компанија за суплементи (BPI Sports, меѓу најреномираните) вели дека нивниот ФОКУС е во дигестибилност и ВКУС на протеините. Исто така додава и дека протеинот може да се користи како замена за оброк, што не е вистина.

Не е ѕверски да одиш во теретана, да ги пумпаш мускулите, да се надминуваш себе си секојпат, а потоа да одиш и да шмукаш вкусови на јаготка.

Вкус на протеините?

Протеините треба да ги прават со вкус на железо. Постојано да те потсеќа што е тоа што го креваш во теретаната.

Ова не е говор против вкусовите. Ова е говор против инфантилниот маркетрикинг чии параметри за „добар производ“ се веќе цврсто втемелени во културата. Толку втемелени што луѓето не гледаат со умот што има таму, туку гледаат преку вкусот. И затоа речиси никој не ги забележува хормоналните уништувачи присутни во буквално 99% од протеинските прашоци. Штом е вкусно, квалитетот е топ, си велат. Денешната култура е подесена да „расудува“ преку вкусот и боите. И за жал огромен дел од вкусовите што ѝ се нудат се штетни.

Знаеме дека полесно се пие кога е вкусен. Но зошто кај човек што крева железа, прашањето „дали полесно се пие“ воопшто да има некаква улога? Не само некаква, најчесто и пресудна.

Ако некој сака да ужива во вкусови, нека јаде пудинг.

Или нека научи како да прави вкусни оброци или шејкови без негативни последици.

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Вежбањето дава плусNextNext post:Една тајна на правилно практикувана кето исхрана

Muskultura.mk +

Дино Николиќ - Кето пита со спанаќ - Телма ТВ - Оброк на денот
Исхраната и плодноста | Гостување во Телма ТВ | Кето пита со спанаќ
02/07/2025
Што е кетогената исхрана | Гостување во Телма ТВ | Кето чиа пудинг
09/05/2025
Јаглехидратите и медицината
Што вели медицината за јаглехидратите?
07/01/2025
Пред и потоа
ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБА ВОЛЈА?
20/07/2024
Кето е за секој спорт
Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот
18/07/2024
Панични напади | Стрес | Анксиозност | Депресија
Кортизол, крвен шеќер и склоност кон стрес
12/07/2024
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Дали дебелината е болест или не?
👇

Нивната радост е наша радос Нивната радост е наша радост. Да им овозможиме радосна иднина. 

www.muskultura.mk/programi

#функционаленпристап
#начиннаживот 
#животенстил
#правилнаисхрана
#синтетичкибои
#синтетичкивкусови
Со каењето расте потребата Со каењето расте потребата за брз допамин и склоноста кон лоши навики!
Со вежбањето добиваш BOOST на СИТЕ човечки моќи.
https://muskultura.mk/vezbanje
Живееме во свет кој сака брзи решенија, до степен што ја жртвува ефективноста за да добие на време и лажна удобност. И добива време во кое има лажна удобност. А таа сè повеќе бледее. Здравствените статистики НИКОГАШ не биле полоши.

Ова не значи дека лекарствата не се оправдани никогаш и кај никого, но значи дека не се оправдани секогаш и кај секого. И значи дека тие не се замена за здрав и правилен начин на живот.

https://muskultura.mk/ekspertite-preporacuvaat/

#правилнаисхрана
#животенстил
#здравје
Вежбањето со тежини не е само „физичка активност“.
Ако се прави правилно, вежбањето има позитивно влијание врз секоја клетка. Влијае на 100% од организмот, затоа што ја појачува ЖИВОСТА. 

Како една од најмоќните алатки за личен напредок, ГРЕВ е вежбањето да се сведе на:
❌ метод за топење калории (иако топи калории)
❌ метод за поминување време (иако минува времето)
❌ разонода (иако релаксира)
❌ џиги-миги (👀)

Тоа е самотерапија во форма на дисциплина. 🙏
МЕТОД ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЖИВОСТ. 💪
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење