Не е доволно само да се избегнува шеќер и благо.
Не е доволно да се знае дека шеќерот е штетен. Потребно е да се знаат штетните последици и ЗОШТО настануваат.
Со површно „знаење“ доаѓа и до обратен ефект.
Еден пример како:
Избегнуваме шеќер (нели заради неговите штетни ефекти, дебелеење, висок крвен притисок, оштетување на нервите и видот, срцеви заболувања, дијабетес…).
Избегнувајќи шеќер се затрчуваме по производи на кои пишува „БЕЗ ШЕЌЕР“.
Купуваме освежителен пијалак кој нема шеќер но има 3 (три) вештачки засладувачи. ТРИ.
Аспартам, сукралоза, ацесулфам-к, или малтитол. Малтитолот на пример го ставаат во кремови и слични производи и ги нарекуваат „Без шеќер“. А малтитолот го крева шеќерот во крвта.
Покрај тоа што повеќето вештачки засладувачи го попречуваат варењето на храната, односно нејзината апсорпција и ја уништуваат цревната флора (после мастика за џвакање со аспартам ви кркорат ли цревата?), тие го креваат и инсулинот.
Кога се крева инсулинот, нивото на шеќер во крвта паѓа.
Се појавува глад, односно стрв, дополнително појачана од неможноста целосно да се апсорбира храната.
Тој стрв го заситуваш со ориз, тестенини, компири, лебче (интегрално ама), овошја, овесни каши, хелти крекери…
На крај добиваш уште повеќе шеќер.
Секој напор за подобра исхрана и вежбање мора да содржи и РАЗБИРАЊЕ. Тоа е основата на Мускултура.
Затоа термините како: хормонален одзив, правилна исхрана, правилно вежбање, ефект врз хормоните, висок кортизол, излачување на тестостерон..., кои се застапени уште од првите статии на Мускултура од 2018 година, до скоро речиси не се ни споменуваа како клучни фактори во здравјето, исхраната и вежбањето. Но сега сè почесто можете да ги сретнете во обраќања и текстови на разни доктори, нутриционисти, тренери, итн.
Се менува културата.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
11.08.2022