- Ако не сте вежбале 3 години тоа не е оправдување за тоа што сега сте исти или ослабени или здебелени.
- Тоа не е оправдување туку најчесто доказ дека не сте имале доволно резултати во периодот кога сте вежбале.
- Луѓето што се незадоволни од своите резултати се најсклони кон одолговлекување и прекинувања.
- Ако по патот остварувате успеси, мотивацијата едноставно резултира.
- Мотивацијата станува преценета и оскудна во недостаток на добри резултати.
- Вежбањето не треба да биде тортура. Најчесто вежбањето претставува тортура во отсуство на добри резултати, односно подобрувања.
- Најчестата причина за отсуство на добри резултати не е неупорност или непосветеност туку незнаењето, митовите и лажните податоци.
- Долгорочната упорност и посветеност се резултат од постигнати добри резултати.
- Постигнатите добри резултати доаѓаат од правилно насочени напори (значи базирани на вистинити податоци), а не од митови, „авторитети“ или популарни идеи.
- Упорноста е неопходна но таа се гради.
- Удирајќи со глава во ѕид „упорно и упорно“ може да се сруши ѕидот но нема да остане главата. Тоа е тврдоглавост, а не вистинска упорност.
- Тврдоглавоста е упорност без памет.
- Упорноста без памет не е базирана на вистинити податоци и знаење.
- Вистинитите податоци сами по себе не се доволни ако не станат твои функционални вистини. За да станат твои функционални вистини, мора да ги учиш тие вистини и да ги практикуваш. Ако тоа ти донесе посакувани резултати, тогаш тие се функционални вистини. Тогаш имаш искуство, но пред сè – знаење. Знаењето е искуство со функционални вистини.
- Искуството како искуство нема вредност ако од него не резултирале нови функционални вистини и добри резултати.
- Функционалните вистини не може целосно да бидат сфатени како такви (теоретско знаење) без искуство со нив (вистинско знаење).
- Мускултура е изградена врз функционални вистини.
Discover more from Muskultura.mk
Subscribe to get the latest posts sent to your email.






