
Согорувањето на вишок масти се случува ПРЕКУ МЕТАБОЛИЗМОТ.
Метаболизмот е збир на сите биохемиски процеси во организмот преку кои сите молекули се градат, разградуваат, преобразуваат и искористуваат за создавање енергија, одржување на структурата и регулирање на животните функции.
Тој е моторот на организмот и се наоѓа во секоја клетка.
Природата на физичката активност има значително влијание врз метаболизмот, на пример кардио и вежбање со тежини сосема различно влијаат. Но состојбата на метаболизмот во голема мера одредува каков ќе биде ефектот од активноста. Ова е точно до тој степен што човек не може да направи повеќе активност отколку што метаболизмот ќе му дозволи. Тој е границата. Се уморуваме и папсуваме само кога го надминуваме неговиот моментален капацитет. За некои луѓе тоа се две скали, за други цел работен ден, за трети Монт Еверест…
Сите процеси во организмот зависат, за нивното одвивање, од метаболизмот.
Исхраната има најдиректна контрола врз метаболизмот.
Физичката активност троши енергија, но тоа е „принудно“ трошење. Преку 70% од вкупните потрешни калории во денот се трошат со самото тоа што сте живи. Значи степенот и квалитетот на таа потрошувачка е најдобар потенцијал за слабеење! Ако правилно се храниме, можеме да слабееме во текот на целиот ден, а не само во изолирани моменти.
Ако човек редовно јаде храна богата со јаглехидрати (леб, ориз, компири, проја, оризови галети, овес, тестенини…) и прошета еден километар, тој нема да согори ист број калории како при исхрана со протеини и масти и низок внес на јаглехидрати.
Ако човек од 100 кг со 40 кг вишок сало изоди еден километар, нема да истроши исто како кога би имал 100 кг но НУЛА вишок сало.
Од аспект на согорување калории, активноста е ПОДРЕДЕНА на метаболизмот.
Метаболизмот е воглавно подреден на исхраната.
Исхраната ви е подредена ВАМ.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
23.12.2025






