Вежбањето со тежини предизвикува механичко оштетување на мускулните влакна. Всушност со вежбањето го оштетуваме мускулот до одредено ниво.
Одмаздата на мускулот за „тортурата“ на која го подложуваме е да стане посилен, а не послаб. Затоа доколку другите фактори се како што треба, тој ќе се зајакне и ќе се зголеми.
Знаеме дека мускулот не само што се стреми да се опорави по вежбањето – тој оди чекор понатаму, се зајакнува за нијанса повисоко од последниот напор на кој сте го подложиле. (Статија посветена на ова)
Тоа значи дека мускулот е спремен да поднесе повеќе „тортура“ бидејќи дополнително зајакнал.
Начинот на кој растат мускулите е ПРОГРЕС. И тоа ПРОГРЕС И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ! Не само „покрај“ туку и ЗАРАДИ притисокот. А денешниот човек се стреми да избегнува притисок, бара релаксација во секој момент, но најчесто на нездрави начини… Тоа ви кажува во кој правец сме тргнале – во спротивниот. Колку повеќе се наслонуваме на лажен допамин преку социјални медиуми, лоша храна, цигари, алкохол, трева или други дроги заради бегство од притисок – толку посензитивни стануваме на притисок и толку повеќе несвесно го спречуваме својот напредок. „Посензитивни на притисок“ во превод значи дека сè поголем број нешта, сè полесно нѝ предизвикуваат притисок. Организмот постепено се одмаздува и за ова.
Ако ја погледнеме мудроста која е вградена во човечкото тело, можеме да научиме дека навистина растот и напредокот се најдобрите начини за справување со притисоците. Бегството од притисок не е начин за справување со притисок!
Организмот реагира на ПРАВИЛНИТЕ ЧЕКОРИ така што нѝ дава подобра состојба. А правилните чекори носат притисок!
Најдобриот начин како да му „вратите“ на секој што ве потценувал, тортурирал, омаловажувал, исмејувал, секој што се стремел да ве сопре или да ви наштети е НАПРЕДОК.
Напредокот е возможен кога другите фактори ги правиме како што треба – тогаш работиме на себе.
Исхраната, вежбањето, добриот сон и нашите животни навики – се темелот во работата на себе.
На овој природен закон се потпира целото постоење, на овој природен закон растат мускулите.
Сакате да го примените ова во вашата конкретна ситуација?
Закажете бесплатна консултација






