Од резултатите кои клиентите ги постигнуваат со нашите програми – еден од најзначајните е секогаш намалување на нивото на стрес. Ова значи дека ефектот од стресните ситуации станува помал, односно истите притисоци веќе не даваат ист стресоген ефект.
Единката станува порелаксирана, послободна, со поживи емоции и повеќе своја бидејќи стресот нема таква моќ врз неа како претходно.
Тоа самите клиенти го кажуваат, секогаш ентузијастично и со доза на зачуденост.
View this post on Instagram
Од овој аспект, сакам да одвоиме неколку заеднички параметри што неизбежно се случуваат на програмите:
- Се намалува високото ниво на шеќер во крвта (единката повеќе не живее со покачен шеќер преку денот бидејќи веќе рачно не го покачува со храна).
- Се намалува нивото на стрес, односно единката не живее со покачен кортизол преку денот бидејќи веќе не практикува многу од факторите кои го држат покачен. (Ова дополнително го регулира шеќерот во крвта бидејќи секогаш покачен кортизол значи автоматски и покачување на шеќерот во крвта. Покачувањето на шеќерот во крвта е токсично за организмот и е своевидна врста на стрес кое токму така организмот го доживува. Што се случува во таков момент на стрес? Се покачува кортизолот.)
Гледате – овде зборуваме само за ДВА од многуте фактори кои ги регулираме на програмите – и погледнете што се случува!
Тука е и подобрената способност за дисциплина, подобреното ниво на тестостерон, подобрена плодност, регулирани месечни циклуси, фокус, зголеменото ниво на хормонот за раст, поголемо задоволство со својот изглед заради подобрување на фигурата (намалување вишок масти, зголемување на мускулна маса), подобрување на енергијата, зајакнување на имунитетот, зголемена ефективност на метаболизмот… Ова неизбежно води кон зголемена продуктивност во сите области од животот – професионални, семејни, лични…
Мускултура работи со функционални вистини, што значи тие се преточени во функционални чекори, па така можеме да извлечеме вистински резултати во животот кои имаат видливо позитивно влијание.
Еве дел од овие ефекти објаснети од научен аспект. Што вели науката за ова:
„Одзивот на кортизол при психосоцијален стресор е намален кај нејадени лица кога имаат пониско ниво на гликоза во крвта. Исто така, одзивот на кортизол при психосоцијален стресор е во позитивна корелација со нивото на гликоза во крвта.“
[Стресор е секој внатрешен или надворешен стимул кој активира стресна реакција во организмот.]
Од ова можеме да заклучиме две нешта:
- Кога луѓето немаат покачено ниво на шеќер во крвта (на пример како резултат од внес на јаглехидрати), тогаш при даден стрес излачувањето на кортизол е намалено.
- Кога луѓето имаат повисоко ниво на шеќер во крвта после внес на јаглехидрати, имаме зголемено излачување на кортизол при даден стрес.
Ова значи дека нивото на стресност кај единката воедно е во директна корелација со нивото на шеќер, односно при покачен шеќер единката ќе искуси зголемен стрес во споредба со нормално ниво на шеќер при што би искусила не така високо ниво на стресност.
Јас ова не го говорам од цитатот од науката. Ова го говорам затоа што редовно го гледаме како резултат од спроведувањето на програмите.
Со правилно спроведена кетогена исхрана, нивото на шеќер во крвта е приближно или исто на нивото на шеќер кај нејаден човек.
Секако постојат многу фактори кои влијаат врз подложноста на стрес, но нивото на шеќер во крвта е дефинитивно фактор кој независно од другите фактори – ги врши ефектите кои ги врши.
Можеби си мислите дека не можете веднаш да влијаете на причината зошто се плашите од змии на пример, или зошто толку ве вознемирува некој човек, но дефинитивно можете да го намалите или отстраните тој стрес преку контрола на вашите внатрешни фактори, а еден од нив е исхраната. Тоа е толку голем фактор, што заради својата големина се чини дека останал практично незабележан и неразбран. Па погледнете ги статистиките на стресност во денешно време. Просечната единка е преплавена од стрес. Анксиозноста, паничните напади, депримираноста (сите овие се форми на стрес) никогаш претходно не биле позастапени отколку што се денес. Паралелно на тоа, исхраната никогаш не била понеправилна и никогаш претходно не содржела толкави количества јаглехидрати (шеќер во крвта) како и штетни адитиви. Околината никогаш не била толку полна со отрови кои го разоруваат ендокриниот систем, особено кога организмот е веќе под стрес.
Кога ќе ги насочите напорите во здрави насоки, се добива подобрување на степенот на психофизичката способност (функционална дефиниција за поимот здравје).
View this post on Instagram
Тоа не се должи само на еден-два фактори, на пример кортизолот или шеќерот во крвта. Овде сакам да потенцирам колку сеопфатен ефект постигнуваме кога покрај другото, се справуваме и со овие два фактори. Во игра се и други суштински фактори од умствен, физиолошки, духовен и социјален аспект.
Кога се подобрува организмот од аспект на овие два фактори, тоа автоматски ги подобрува и другите фактори. Тие за возврат ја зголемуваат отпорноста на организмот и човек станува сè посилен и постабилен.
Ова е обратен тренд од оној на денешниот просечен човек.
Не само што човек може и треба да излезе од таквиот круг на влошување, тој може да започне процес на искачување кон подобро и повисоко ниво во животот, наречено константен напредок.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
12.07.2024