Хормонот за раст (соматоропин), дефиниција и улога
Хормонот за раст HGH (human growth hormone) или соматотропин како што уште и се нарекува, е витален хормон во човечкиот ендокрин систем. Ендокриниот систем е систем од жлезди во телото кои лачат хормони директно во крвотокот. Човечкиот хормон за раст HGH, се излачува од хипофизата, мала жлезда која се наоѓа на дното на мозокот. Таа лачи неколку различни хормони и го регулира развојот и растот на телото.
Хормонот за раст HGH е неопходен во детството и пубертетот за да поттикне раст во висина. По 18-та година, HGH води кон поздрав состав на телото и е одговорен за:
- Поттикнување раст на мускулна маса
- Регенерација на мускули, коски, лигаменти, жили
- Одржување на телото во мускулеста форма
- Намалување на масните наслаги
- Зајакнување на коските
- Штитење на органите од стареење
- Подобрување на циркулацијата
Како што кажува неговото име – тој поттикнува раст на клетките. Тој е одговорен за телесниот развој и директно го регулира растот на мускулната маса. Soma е грчки збор за тело, trephein е грчки збор за хранење, раст, јакнење.
HGH поттикнува создавање на нови клетки, раст на клетката и помага во закрепнување на мускулите. На тој начин се гради нова мускулна маса. Влијае врз конверзијата на телесни масти во енергија (нивно топење), создава посилни коски а исто така влијае и на сонот.
Исто како со тестостеронот, правилното вежбање со тежини го зголемува неговото излачување, а исхраната и спиењето имаат пресудно влијание дали и колку ќе биде активен. Повисоко ниво на хормонот за раст значи побрзо и полесно зголемување на мускулната маса. Тој е клучен за формирање мускулеста градба.
Грешките во исхраната и вежбањето се грешки заради тоа што нивниот резултат е намалување на овој и други потребни хормони. Затоа од клучна важност е да се има правилна програма за вежбање и за исхрана.
Околу 75% од продукцијата на хормонот за раст во телото настанува за време на спиењето. Затоа е неопходен сон од најмалку 8 часа. Ниту еден суплемент не може да ја замени улогата која спиењето ја има во излачувањето на овој хормон.
Поголем процент на телесни масти = помало излачување на хормонот за раст
Велат дека производството на HGH се намалува низ годините. Неговото намалување е придружено со намалување на чистата мускулна маса и густината на коските, зголемување на мастите во телото – особено во пределот на стомакот, и влошено срцево здравје.
Едноставно кажано, како што HGH се намалува така почнувате да изгледате и да се чувствувате постари.
Ако седите со скрстени раце.
Врз намалувањето на HGH може значително да се влијае со вежбање, исхрана и доволно спиење. Доколку ги примените принципите на Мускултура, ќе препознаете дека на годините им се придава беспотребно значење и паника.
Нивото на HGH може да се утврди и следи преку испитување на крвта.
Вежбањето, менталната состојба, стресот, исхраната, спиењето, возраста – сите овие влијаат врз производството на HGH во вашето тело.
Возраста е најмалиот проблем. Постојат далеку понегативни фактори за хормонот за раст од стареењето. Првиот чекор како да се зголеми нивото на овој хормон е да се исфрлат тие фактори. Еве некои од нив:
- Исхрана во која преовладуваат јаглехидрати
- Прекумерно вежбање
- Вишок сало
- Недоволно спиење
- Ментален стрес
- Вештачки засладувачи
- Појачувачи на вкус
- Алкохол
- Дроги, лекови за смирување
Како да го зголемите хормонот за раст HGH
- Тренирање со висок интензитет и спринтови. Ова ги активира мускулните влакна задолжени за сила и експлозивни активности, што природно го покачува хормонот за раст.
- Спијте доволно. 8 часа ноќно спиење е добар чекор кон оптимално излачување на HGH.
- Внесувајте протеини и масти со добар квалитет.
- Покачувањето на шеќерот во крвта го потиснува излачувањето на хормонот за раст. Јаглехидратите драстично го качуваат шеќерот, особено со денешниот начин на исхрана. Префрлете се на овој начин на исхрана во комбинација со интервално постење.
- Последниот оброк да не биде директно пред спиење туку порано.
- Земајте целосен комплекс на витамини и минерали.
- Внесот на аминокиселините L-arginine и L-lysine заедно, по 5 грама дневно може да го зголеми хормонот за раст.
- Глутамин, внес од 5-10 грама пред спиење или по вежбање.
- Не вежбајте предолго и пречесто.
- Побарајте програма за исхрана и вежбање од Мускултура. Нашите програми се дизајнирани за максимум хормон за раст.