Доколку исхраната и вежбањето заедно со другите поврзани фактори се практикуваат на исправен начин, треба да дојде до намалување на негативните состојби, а не до нивно продолжување или засилување или до појава на нови негативности.
Правилната исхрана и правилното вежбање ги нарекуваме така не затоа што ние мислиме дека се правилни, туку заради тоа што правилноста се гледа во резултатите, односно во подобрувањата:
- Добивање нови позитивни состојби.
- Заминување на досегашни негативни состојби.
Подобрувањето укажува на исправност.
Статус кво или влошување укажува на неисправност.
Негативни скриени последици од неправилностите во практикување на вежбањето и исхраната:
- Поспаност и умор
- Нема слабеење
- Споро или безначајно градење мускулна маса
- Дување на телото наместо цврст изглед
- Дебелеење
- Голем стомак
- Висок крвен притисок
- Дијабетес
- Проблеми со срце и кардиоваскуларен систем
- Демотивираност
- Немање добар сон
- Тешко будење
- Ненаспаност
- Прескокнување на тренинзи
- Прекршување на исхраната
- Почесто конзумирање на алкохол
- Стрв за јадење и/или пиење
- Потреба од многу кафе
- Намален тестостерон
- Висок кортизол
- Намален хормон за раст
- Намалена сексуална желба
- Нервоза и раздразливост
- Главоболки
- Болки во зглобови и други делови од телото
- Повреди
- …
Сите овие негативни последици имаат СВОИ негативни последици.
Правилните чекори не се сложени. Неправилните се сложени и комплексни кога веќе настанале лошите ефекти и повторно на погрешен начин се „решаваат“.
Решавање на негативности кои настанале заради претходни грешки без притоа да се елиминираат претходните грешки ќе роди повеќе ПРОБЛЕМИ.
Убавината во исправноста е што со нејзиното воведување, старите грешки и неисправности испливуваат на површина и заминуваат.
Тоа е доказот дали нешто е исправно или погрешно: има или нема подобрување.
Секој чекор треба да е специјално осмислен во насока на подобрување.
„Токму тоа што ми требаше, поттик, редовно вежбање, комуникација на ниво, презадоволен, враќање на некои мои стари навики со редовно вежбање и пред сè чувство на задоволност. Исхраната е нормализирана, нема внес на штетни материи, се чувствувам одлично, исполнет со оптимизам. Нормализиран сон, едноставно ми се врати енергијата, ми се врати животната енергија, нема повеќе мрзеливост.“ – Далибор А.
„За 4 месеци со Мускултура симнав 14 кг вишок масти и зголемив најмалку 4 кг мускулна маса, без минута гладување.“ – Ивица М.
„Имам енергија како никогаш до сега. Намалив килажа и исто така имам намалено во обем. За соработката со вас немам коментар. Само ми е криво што не ве запознав порано. Секоја чест.“ – Васко П.
„Со вас ги фрлив и лековите за притисок!“ – Примариус д-р Таше Трпчевски, Болница Плодност
„Соработката со Мускултура ми беше најдобрата одлука направена оваа година.“ – Марија Шулеска
„Си го осеќам напредокот!
Се чувствувам посвеж, имам подобра издржливост, подобрена кондиција, подобрена концентрација.
Будењето и спиењето ми е подобрено, не отекувам у лице од сабајле за разлика од порано.
Се чувствувам поенергичен во текот на денот. Ја ставив во мирување мрзеливоста. Мускултура ти е како ветер во грб.“ – Маријан Б.
„Мускултура се најдобри за физичко и умствено подобрување!
Претходно секое утро се будев и потоа правев кафе, пушев цигари и скролав на телефонот. Ова беше моја утринска рутина многу долго време. Сега тоа е сменето, се будам наутро полна со енергија и имам наплив да средувам некои едноставни работи по дома како чистење и организирање пред да тргнам на работа. Не само наутро туку и низ целиот ден гледам дека правам повеќе од што сум правела претходно. И стомакот ми изгледа многу подобро и си го чувствувам телото полесно навечер. Ментално и физички се чувствувам подобро. Можам да направам повеќе работи и плус имам поголем фокус. Ова беше одличен месец. Ви благодарам – Ени Дирмо
„Имам разлика во нивото на енергија од претходно кога тренирав, мислам дека сега имам дупло енергија! Ја препорачувам Мускултура на други затоа што знаете како и како се стигнува до прав резултат.“ – Александар Грујоски, фудбалски судија
„Мускултура – Top of the Top. Податоци кои можат СЛОБОДНО да ги користат и професионални спортисти и други на која било годишна возраст. Придобивките се невероватни. Зголемување на енергијата, подобро спиење, полесно извршување на секојдневните активности, будност. Сите придобивки објаснети во Мускултура се постигнуваат уште при првата примена!“ – Бобан Бабунски
„Имам повеќе кондиција, издржливост во секојдневието и во самите тренинзи. Емоциите ми се попозитивни, посмирени во однос на стрес и напнатост. Се чувствувам подобро од пред да почнам.
Долниот дел од грбот не ме боли, како што знаеше да се случи повремено. Поактивен сум на работа во однос на обврските, немам замор.“ – Александар М.
„Браво за деталната програма!! Да знаете дека сум презадоволен од пристапот, професионален и конкретен, за мене!“ – Александар Г.
„Иако сум искусен вежбач, учам нови работи. Полетно се осеќам, поенергично и кондициски подобро. И зголемив на тежините за кревање. На гради никогаш не сум кревал толку како сега.“ – Томислав К.