Денес остануваат некои стручни лица кои како папагали го повторуваат ехото на примитивизмот кој допрва заминува. Тој примитивизам доаѓа од претходните неколку децении каде преку одредени научни студии се демонизираа месото и мастите, за тоа да влезе во општите препораки и во целата генерална едукација од забавиште до највисоките звања. Така добивме експерти и систем чиј продукт е НЕЗДРАВЈЕ.
Како и со многу други суштински фактори за здравјето, така и со црвеното месо владеат апсурдни и зачудувачки изјави од СТРУЧНИ ЛИЦА. Проблемите во светот не доаѓаат од нестручните лица. Проблемите во здравството не доаѓаат од чевларите исто како што проблемите во економијата не доѓаат од каратистите. 😵
На почеток да расчистиме, црвеното месо не само што не е штетно, туку е ЗДРАВО и дел од една правилна исхрана. Не зборуваме за штетни додатоци. Штетни додатоци има и во воздухот, но тоа не значи дека самиот воздух е нездрав, нездрави се штетните додатоци.
Секако, и оние што со целосно право решиле да не јадат месо од какви било причини, можат добро да се хранат и да ги имаат сите потребни нутриенти, со малку повеќе внимание и труд.
Проблемот со месото е што во многу научни истражувања и текстови се ставаат под иста категорија „црвеното месо и месните преработки“. Тоа е елементарен пропуст во сржта на научниот принцип. Црвено месо и месни преработки се две комплетно различни категории. 99% од месните преработки се третираат на начин којшто им додава многу токсични материи, кои инаку ПРИРОДНО НЕ СЕ ПРИСУТНИ ВО МЕСОТО, исто така имаат различен состав на нутриенти во споредба со месото. Речиси сите статии и истражувања што ќе ги прочитате кои говорат против црвеното месо, ќе видите дека всушност велат „црвено и процесирано месо“, речиси нема да сретнете само „црвено месо“.
Да – процесираните меса со сите тие штетни додатоци не треба да се консумираат и отсекогаш на Мускултура се пишувало дека треба да се отфрлат. Исто е и со процесираните вегански производи. Всушност штетни вегански производи има многу повеќе отколку штетни месни производи. И чипсовите и енергетските пијалаци се вегански производ! Па и алкохолот е “vegan friendly”.
Друга битна работа што мора да се земе предвид. Истражувањата од каде потекнуваат разни заклучоци за исхраната и нејзиното влијание врз телото се многу подложни на многу фактори. На пример оние студии кои велат дека црвеното месо зголемува ризик од срцеви заболувања – што мислите, врз кого се правени? Врз луѓе кои живеат со години на правилна исхрана? Врз луѓе кои имаат врвна психофизичка здравствена состојба? Не, тие се правени врз луѓе кои живееле „нормално“ како и сите други. Луѓе кои се хранат „нормално“ како и сите други. Па така, во едно истражување за ефектите на исхраната со црвено месо, може да се види некој покачен негативен параметар, како на пример крвен притисок, а притоа никој не зборува за пржените компири и лебот кои истиот човек ги јаде во истото јадење. Ниту за вештачкиот засладувач кој го става и во шестото кафе. Со други зборови, истражувањата не се прават само со 100% црвено месо и ништо друго во исхраната. А тие други работи во исхраната ЕНОРМНО влијаат на здравствените параметри.
Трето, некои студии покажуваат намалување на „лош“ холестерол (ЛДЛ) како резултат на внес на растителни масти, што сепак не е исклучиво добра вест. Лошиот холестерол е застарен, примитивен параметар. ЛДЛ не е лош, без него нема живот. Лоши се други параметри во склоп со други параметри.
Но иако науката може да биде купена, наивна, изманипулирана – вистината не може. Вистината може да се затскрие, но таа секогаш ќе постои. Природните закони секогаш биле и ќе бидат во основата на постоењето. Постојат голем број научници со интегритет кои не заборавиле зошто се таму кај што се и кои се борат вистината да дојде на виделина. Постојат и такви од другата страна. И ги имаме папагалите кои го повторуваат она што ќе дојде до медиумите и учебниците – продаваат застоена топла вода. На крај го имаме народот кој го консумира она што му се сервира. Така се постигнуваат сегашните катастрофални здравствени статистики. И така се одржуваат.
Тезата дека месото и мастите се штетни е исто толку луда и изопачена како да кажете дека мајчиното млеко е штетно. Но, ете сме, планета Земја, човеков род – со децении си живееме (се разболуваме) со таа идеја. Иако тоа звучи како научна утка – се работи за геноцид од највисоки размери. И кога сме кај мајчиното млеко, ни тоа не е тоа што беше – дојдовме до таму што во стручните текстови сега жените доилки се нарекуваат луѓе што дојат, а бремената жена се нарекува бремена личност. Гледате и во науката постојано има некои текови од една крајност во друга крајност. Овие текови доаѓаат и си одат, но вистината е секогаш тука без разлика.
Но сега и самата наука полека побива сè што рекле против месото и сега одеднаш месото не е демонот. Исто како со антидепресивите. Шеесет и шест години се продаваа „како алва“, за пред некоја година да утврдат дека научните истражувања кои велеле (🤑) дека депресијата е хемиски дисбаланс во мозокот – немале доволно докази. И конечно утврдија дека депресијата доаѓала од животни ситуации! Замислете, конечно откривме дека депресијата не е недостаток од антидепресиви, туку потекнува од животот. WOW!!! Еурека!!! Ама сега нема да се поништат сите негативни ефекти (и профитите) предизвикани од ваквата хемија која милиони луѓе од СИТЕ возрасти со децении ја пијат. А депресијата на рекордно ниво.
Продолжува на следната страница.