Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Кето и интервално постење
    • Кето намирници
      • Кето култура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Кето и интервално постење
    • Кето намирници
      • Кето култура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБА ВОЛЈА?

Кога станува збор за намалување на вишокот килограми или промена на разни непродуктивни навики во начинот на живот, голем број луѓе сметаат дека немаат доволно силна волја во тој поглед. Затоа прибегнуваат кон брзи, вештачки, односно „автоматски“ методи, на пример за подобрување на притисокот, градење мускули или слабеење, кои ќе ја „завршат работата“ наместо тоа да го прави самата единка со начинот на живот. Човек што не го променил начинот на исхрана, а ослабел со рестрикции или на брз и нездрав начин, ќе се врати на стариот начин на исхрана со којшто ги качил килограмите. Ако коригирате висок притисок со синтетика (апчиња), а не ја коригирате погрешната исхрана која е примарниот причинител – последиците избиваат на друго место и во друг облик.

Пред и потоа

Слабеењето или високиот притисок како решение на проблемот мора да содржи повеќе отколку само намалување на килограмите или намалување на притисокот. Мора да го содржи решението за првиот проблем: како се покачиле. Сè додека ова не се реши, ќе има само неуспеси. Потребно е да се промени начинот на исхрана, но и разбирањето за тоа како работи човекот како склоп.

Луѓето се обидуваат да се откажат од цигари на пример, со средства кои предизвикуваат гадење од цигари. Па автоматски самото гадење би предизвикало да не пушат. Или се обидуваат да добијат фокус преку кафе или енергетски пијалоци. Или да добијат смиреност преку апчиња. Секогаш кога кормилото се предава на нешто друго вон единката, следува подлабок неуспех. Започнувањето со подобар начин на живот, отфрлањето на непродуктивни навики и воведување на продуктивни навики мора да биде направено од самата единка. Таа секако може да има помош и водство во тоа – што може да е и клучно – но секогаш единката мора да биде носител на дејството.

Носител на дејството - капетан

Можеби сте се обиделе да намалите со благото, или да ги откажете цигарите, или да не практикувате некои непродуктивни навики, но не сте успеале. Си велите дека немате доволно ВОЛЈА. Но волјата не е главниот предуслов за да се постигне промената.

За да се случи промената, најпрво мора да разберете нешто:

ВАШАТА ВОЛЈА НЕ Е СЛАБА. Во дадени моменти, едноставно не правите разлика помеѓу импулсите на телото и вашите намери. Се обидувате да остварите некоја ваша намера, притоа се појавуваат некакви непожелни импулси од телото, и кога се појавуваат си мислите дека вие ги создавате. Тоа води кон дополнителна демотивација особено ако не ја остварите намерата. Ова се одразува како негативно влијание и врз другите области во животот. На пример сакате да намалите со храната но вам ви се јавува желба за благо, сокови или обилен внес на храна. Се обидувате да се контролирате но не ви успева. Тоа е дополнителна демотивација. Некои луѓе велат: „стрвлија сум си.“ Не постои стрвлија, постојат хормонални сили кои активираат глад и стрв. Гладта, стрвта и ситоста се хормонални реакции, не се карактерни особини. Тие се примарно физиолошки, а не умствен проблем. Кога физиологијата е нарушена, психата не само што страда, туку мора и дополнително да се бори со тој товар.

Телото е биолошки склоп. И како такво, тоа е само еден елемент од поширокиот склоп наречен Човек.

Вам ви е потребен начин на исхрана кој ќе ги изгаси неконтролираните импулси на телото за кои мислите дека се ваши. И ви треба функционално знаење затоа што начинот на живот и исхраната мора да се базираат на вашето лично разбирање, а не да бидат прифатени и практикувани на слепо.

Тогаш вашата волја ќе дојде до полн израз и ќе биде далеку полесно да се спроведе, бидејќи нема толкава опструкција од страна на механизмите на телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muskultura (@muskultura.mk)

 

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
14.06.2022

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:КЕТО ФРЕНДЛИ ИЛИ КЕТО НЕФРЕНДЛИ?NextNext post:Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот

Muskultura.mk +

Лаком нутриционист
Сакам да ослабам без да вежбам, дали е возможно?
23/01/2026
Исхрана за мускулен раст и ментален мир
20/01/2026
Здрав и замастен црн дроб - хепар
ОДМАСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
13/01/2026
Зошто секогаш потенцирам ПРАВИЛНА исхрана и ПРАВИЛНО вежбање? Што значи тоа?
06/01/2026
Правилна и неправилна исхрана
Главните митови и заблуди за простите и сложените јаглехидрати
31/12/2025
Слабеење преку исхрана или вежбање
Што е поважно за слабеење – исхраната или активноста?
23/12/2025
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Исхрана според телесната форма
👇

Патот кон големите успеси з Патот кон големите успеси започнува со нијанси на подобрување.

Секој што не сака да мине низ нијансите на подобрување затоа што сака побрзо да се телепортира на крајот, нема можност за големи успеси.

Дисциплината нѝ доаѓа од разбирањето дека нијансите се скалила до успехот. Без тоа разбирање, имаме само желба за успех и чувство дека светот нѝ должи. Во превод, тоа е инфантилна тврдоглавост.
Кога парите размислуваат наместо паметот...
Прочитај во новата статија: https://muskultura.mk/slabeenje-bez-vezbanje/
Личната состојба е добра ко Личната состојба е добра колку и?
Емоциите не се контролираат преку худу-вуду трикови или преку помислување на правите мисли.
Мислење на правите мисли е секако од помош, но отежнато е при негативни емоции. За худу-вуду не знам. Но ако се занимаваме со тоа што го знаеме и можеме да го контролираме – исхраната, вежбањето и животните навики како прва линија на „третман“ – тогаш можеме да направиме значајна разлика.

– гостување во Алфа ТВ 02.04.2024 

#начиннаисхрана
#емоционалноздравје
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење