Не, не се протеините од сурутка. Тука зборуваме за нешто покомплетно.
Протеините од сурутка се супер и многу од помош но тешко е да се најдат добри протеини од сурутка, особено заради додатоците што ги содржат.
Кога протеинските прашоци би биле внесувани со потребната количина масти и не би содржеле уништувачки додатоци (како што многу од нив содржат) тогаш би биле идеален суплемент односно храна.
Еве ова може ќе служи како идеја за производителите на протеини. А до тогаш и засекогаш потоа, имаме решение кое отсекогаш било тука само што не се сметало за суплемент.
Замислете суплемент кој има идеален сооднос на протеини, масти и јаглехидрати, е лесно достапен и не бара никаква припрема.
Тоа е кашкавалот.
Во табелата на исхрана можете да видите дека кашкавалот на 100 гр содржи во просек 24 грама протеин, 33 грама масти и 2 грама јаглехидрати.
Соодносот на нутриенти кај кашкавалот е одличен! Перфектна кето храна. Соодносот е 24/2/74, односно од вкупните калории: 24% доаѓаат од протеини, 2% од јаглехидрати и 74% од масти.
Кашкавалот е добар и за секој кој:
- Сака да ослабе (доколку не го внесува заедно со јаглехидрати како леб, тестенини, компири…).
- Сака да зголеми чиста мускулна маса.
Има уште.
Математика
Кашкавалот е поевтин и поисплатлив од протеинските прашоци.
Еве зошто.
- Еден грам чист протеин од протеински прашок од сурутка чини околу 2.5 денари. Еден грам чист протеин од кравји кашкавал чини околу 2 денари ако цената е околу 520 ден за кг.
- Значи кило чист протеин од протеински прашок е 2500 денари а од кашкавал е 2000 ден. Протеините од кашкавалот не се ништо послаби од протеините од прашокот!
- Плус за истите пари – мастите од кашкавалот доаѓаат гратис. Одлични, здрави, СКАПИ масти.
- И уште 1 грам калциум на 150 гр кашкавал.
Се разбира овде зборуваме за млечен кашкавал (не за имитации).
Не се сите кашкавали исти. Кај нас за жал сè почесто се среќаваат кашкавали со изобличени вкусови како гума, хартија, стоена кора од банана и други разни комбинации. Секако кога не може да има вкус на кашкавал, се поставува прашањето дали воопшто има целосен состав како кашкавал.
Но постојат и вистински кашкавали.
Сирење
Исто така, во оваа категорија можат да влезат и сирењата иако кај нив има поголема варијабилност во протеините и мастите од сирење до сирење. Затоа секогаш треба да се гледаат етикетите со состав и нутритивни вредности, не само кај сирењата и кашкавалите, туку и кај останатите производи.
Сирењето излегува поевтино од кашкавалот по грам протеин, а секако содржи и фантастична количина масти (и калциумот е тука).