Телото и личната состојба можат да се подобрат или трансформираат во насоката што ја посакувате само преку соодветни чекори кои налагаат таква промена. Тоа не се прави само со тренинг или исхрана, туку со систем кој ги опфаќа сите влијателни фактори.
Еден правилен систем не е шаблон еднаков за сите. Секој човек има своја состојба, специфичности и цели. Успехот не се постигнува преку шаблон, туку преку успешни чекори. Секој чекор треба да е успех што води кон поголемите успеси. Затоа ние будно работиме со постоечките индивидуални фактори и ве водиме кон резултати. Тоа е една од основите на нашиот пристап.
Постојат два планови за вежбање и исхрана кои опфаќаат: зголемување на мускулната маса, здраво слабеење, зголемување на енергијата, подобрување на општата состојба, зголемување на силата, подобрување во конкретен спорт, зајакнување на повреден дел, постигнување подобра форма и пред сè, подобрување на животните навики. Која и да е вашата цел, програмата резултира во ревитализација, што значи дека го подобрува вашето ниво на виталност.
Програмата вклучува мониторинг, поддршка и комуникација, инструкции, консултации, совети, како и персонализирани планови за исхрана и тренинг. Овие планови доаѓаат со детални описи за начинот на исхрана и секој тренинг, како и суштински фактори што треба да се знаат. Во зависност од вашите околности и цели, можете да тренирате во домашни услови или во фитнес центар.
Без разлика дали сте искусен вежбач, почетник, машко или женско, програмата се формира според вашата телесна структура, моменталната состојба и целите што сакате да ги постигнете. Програма значи серија од последователни чекори во насока на прогрес. Максималниот ефект зависи од нивото на вашата посветеност.
Прецизното следење на избраниот план ќе дава постојан прогрес.
План 1
Погоден за секој што сака да постигне позитивна трансформација и да дојде на своето следно ниво. Вежбајте со сигурен и прецизен тренинг-режим и програма за правилна исхрана. Со нашите инструкции и консултации ќе остварувате побрз прогрес од она што се смета за вообичаено.
План 2
Погоден за секој што сака почеста комуникација и повеќе лично внимание.
Што содржи планот |
План 1 | План 2 |
Програма и план за исхрана | √ | √ |
Можност за посни оброци | √ | √ |
Можност за вегетаријански/вегански оброци | √ | √ |
Рецепти од Мускултура | √ | √ |
Програма за вежбање со видеа за секоја вежба | √ | √ |
Онлајн коучинг | √ | √ |
Совети за елиминирање на фактори што можат негативно да влијаат на твојата цел | √ | √ |
Инструкции за квалитетна суплементација | √ | √ |
Три лични консултации месечно | √ | √ |
Параметри за следење на твојот прогрес за максимум резултати | √ | √ |
Пресметани поединечни оброци со дневен внес на протеини, масти и јаглехидрати соодветно за тебе | √ | √ |
Можност за интервално постење (intermittent fasting) | √ | √ |
Обраќања (видеа) од Мускултура со совети и мотивација | √ | √ |
Пристап до премиум содржина | √ | |
Коучинг за подобрување на фертилитет | √ | |
Три лични консултации неделно | √ | |
Цени (месечно): | 50 EUR | 90 EUR |
Плати онлајн: | КУПИ | КУПИ |
Во тимот за изработка на програмите учествуваат:
- Дино Николиќ – креатор и автор на Мускултура; Сертификуван здравствен тренер и нутриционист, фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
- д-р Маре Стевковска – Магистар по медицински науки; Доктор на медицина
- Ивана Илиевска – Фитнес инструктор
Нашите програми го третираат човекот како целокупен систем, а не само како тело со мускули или масти. Нашите стратегии за вежбање и исхрана се центрирани околу максимум хормонален одзив за максимум енергија, раст, сила и топење на вишок масти на здрав начин.
Грешките во исхраната можат да го загушат ефектот од вежбањето, исто и грешките во вежбањето можат да го срушат ефектот од исхраната. Грешките во животниот стил може да ги нарушат бенефитите од исхраната и вежбањето. Затоа вредните и значителни резултати се постигнуваат само преку целокупен пристап кон единката.
„Никогаш не верував дека ќе можам да имам видливи стомачни мускули. Ама можно било со правилна исхрана и вежбање. Целокупно се стопи вишокот масти што беше во телото.“ – Тони Г.
„Многу ми се допаѓа тоа што го кажувате, затоа и се одлучив за вас бидејќи сè ми е медицински издржано.
Имам многу повисока енергија, дури и при дежурства! Добивам коментари дека нешто се променило, дека изгледам помладо. Полесно се будам, ми се намали стресот, се осеќам полетно и многу мотивирано. Плус со задоволство ве следам и читам СÈ од Мускултура.
Од сè срце благодарам.“ – Бисера С., кардиолог
Имам 16 години. За неколку месеци на програма на Мускултура се извишив 2 см, a пред тоа имав стагнација во растот повеќе од една година. Значително намалив од вишокот сало и имам очигледни промени во дефинирање на мускулната маса. Имам повеќе енергија и посреќен сум. Многу сум задоволен од исхраната и вежбите и од целокупниот пристап на Мускултура. – Петар
„Мене лично ми се случува неверојатно просветлување од оваа област. Сега сфаќам колку всушност колку сè спротивно сум правел… Пред сè, сум се хранел погрешно.“ – Бошко Талески, долгогодишен вежбач
„Токму тоа што ми треба, поттик, комуникација на ниво, презадоволен, се чувствувам одлично и исполнет со оптимизам. Едноставно ми се врати животната енергија, нема повеќе мрзеливост.“ – Далибор А.
„Имам енергија како никогаш до сега. Намалив килажа и исто така имам намалено во обем. За соработката со вас немам коментар. Kриво ми е што не ве запознав порано. Секоја чест.“ – Васко П.
„Со вас ги фрлив и лековите за шеќер и притисок!“ – Примариус д-р Таше Трпчевски, Болница Плодност
„Соработката со Мускултура ми беше најдобрата одлука направена оваа година.“ – Марија Шулеска
„Си го осеќам напредокот!
Се чувствувам посвеж, имам подобра издржливост, подобрена кондиција, подобрена концентрација.
Будењето и спиењето ми е подобрено, не отекувам у лице од сабајле за разлика од порано.
Се чувствувам поенергичен во текот на денот. Ја ставив во мирување мрзеливоста. Мускултура ти е како ветер во грб.“ – Маријан Б.
„Мускултура се најдобри за физичко и умствено подобрување!
Претходно секое утро се будев и потоа правев кафе, пушев цигари и скролав на телефонот. Ова беше моја утринска рутина многу долго време. Сега тоа е сменето, се будам наутро полна со енергија и имам наплив да средувам некои едноставни работи по дома како чистење и организирање пред да тргнам на работа. Не само наутро туку и низ целиот ден гледам дека правам повеќе од што сум правела претходно. И стомакот ми изгледа многу подобро и си го чувствувам телото полесно навечер. Ментално и физички се чувствувам подобро. Можам да направам повеќе работи и плус имам поголем фокус. – Ени Дирмо
„Имам разлика во нивото на енергија од претходно кога тренирав, мислам дека сега имам дупло енергија! Ја препорачувам Мускултура на други затоа што знаете како и како се стигнува до прав резултат.“ – Александар Грујоски, фудбалски судија
„Мускултура – Top of the Top. Податоци кои можат СЛОБОДНО да ги користат и професионални спортисти и други на која било годишна возраст. Придобивките се невероватни. Зголемување на енергијата, подобро спиење, полесно извршување на секојдневните активности, будност. Сите придобивки објаснети во Мускултура се постигнуваат уште при првата примена!“ – Бобан Бабунски
„Имам повеќе кондиција, издржливост во секојдневието и во самите тренинзи. Емоциите ми се попозитивни, посмирени во однос на стрес и напнатост. Се чувствувам подобро од пред да почнам.
Долниот дел од грбот не ме боли, како што знаеше да се случи повремено. Поактивен сум на работа во однос на обврските, немам замор.“ – Александар М.
„Браво за деталната програма!! Да знаете дека сум презадоволен од пристапот, професионален и конкретен, за мене!“ – Александар Г.
„Иако сум искусен вежбач, учам нови работи. Полетно се осеќам, поенергично и кондициски подобро. И зголемив на тежините за кревање. На гради никогаш не сум кревал толку како сега.“ – Томислав К.
_______
Плаќањето е безбедно и се врши онлајн преку платежна картичка, на PayPal. Не е неопходно да имате регистрирано PayPal за да се изврши уплата (види пример на сликите подолу – Најави се како гостин / Checkout as Guest или Плати со дебитна или кредитна картичка / Pay with Debit or Credit Card). Уплатата се обновува секој месец и обновувањето можете да го сопрете во секој момент. Доколку не ви помине уплатата веројатно имате лимит до 3000 ден за онлајн купувања, кој може да го смените преку мобилна апликација или со повик до банката.
Пример:
или
Во рок од 24 часа по уплатата стапуваме во контакт!
Ова е твојот следен чекор кон посилно и подобро градено тело.