Почетник
Покрај тоа што почетник е некој што сè уште навлегува во вежбањето, учи кои вежби за што се, се запознава со опремата за вежбање, тегови, шипки, справи…, учи како да ги изведува вежбите со правилна форма, како да дише додека вежба – има друг критериум што го прави почетник.
Првите адаптации кои настануваат кај некој што за прв пат почнува да вежба се во невромускулатурниот систем. Затоа почетник е некој што сè уште го навикнува невромускулатурниот систем на вежбањето. Овие адаптации – доколку редовно вежба, траат неколку месеци.
За каков вид на адаптации станува збор? Вашите наредби за движење на мускулите, мозокот ги добива како сигнали и ги извршува преку нервите што ги спроведуваат тие сигнали до мускулите. Ако мозокот не може ефективно да пренесе сигнали до некој мускул, тој мускул не би имал функција. Кога почнувате со една програма за вежбање, врската помеѓу мозокот и мускулот не е добро воспоставена во однос на кревањето тежини. Мускулните дрхтавици при кревање тежини, кога вашите мускули треперат од напорот при кревање на тежината, покажуваат дека мозокот се обидува да им даде наредба да направат нешто на кое не се навикнати. Тие се збунуваат. Тренинг по тренинг, мозокот може да активира сè повеќе моторни единици (нерви и мускулни влакна). Ова резултира во поголема сила затоа што имаме подобрена координација.
Поголемиот дел од придобивките во зголемувањето на силата во почетните фази на вежбањето се во главно резултат на оваа подобрена врска помеѓу вас, мозокот и мускулите, а не само од зголемување на мускулна маса. Дури некој може да крева тежини што се недоволни за добар раст на мускулна маса, но сепак ќе предизвика адаптација на невромускулатурниот систем, без притоа да има мускулен раст.
Потоа имаме некој кој веќе би требало да има искусено напредок и зголемување на силата. И би требало да знае како правилно да ги изведува вежбите. Но пред сè, по почетниот период телото веќе се адаптирало на наметнатиот физички стрес од вежбањето. Мускулите не се веќе збунети, телото не е некоординирано, знае што му се случува.
Зголемување на мускулна маса
По овој почетен адаптивен период на нервниот систем, силата расте најмногу заради зголемувањето на мускулната маса. Тогаш навлегувате во друга фаза на вежбањето. Тогаш станува исклучително важно со каков режим ќе вежбате, односно кои вежби ги правите, со каков интензитет, тежини, повторувања и сл.
Како да одржувате постојан раст на мускулите?Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
03.05.2018