Трите типа на телесна форма
Вашите следни чекори во вежбањето со тежини и исхраната, треба да се одредат земајќи ја предвид и вашата моментална телесна форма.
Генерално, постојат три типа на телесна форма:
- Слаба
- Мускулеста
- Салеста
Овие три поделби се општи и не значи дека мора да спаѓате во само една од нив. Вашето тело може да биде комбинација од било кои од трите типа или да се наоѓа некаде измеѓу.
Слаба телесна форма
Карактеристики: мала мускулна маса, низок процент на масти, тесни рамења и тесни гради.
Препораки за вежбање и исхрана:
.
- Првата и основна цел треба да биде зголемување на силата и телесната маса, се разбира во форма на мускулна маса. Бидејќи ви треба зголемување на силата, веројатно е дека градењето мускули ќе изгледа побавно во почетокот. Затоа потребно е да се зголеми дневниот внес на протеини и масти а вежбањето да биде фокусирано кон вежби за зголемување на силата и масата, а не изолациски вежби. Во вашите тренинзи главна улога треба да имаат сложените вежби (оние вежби кои влијаат на повеќе мускулни групи во исто време, како Чучњеви, Кревање шипка на рамна клупа, Мртво кревање).
- Во оваа фаза, треба да почнете со прецизен план за вежбање. Добра основа може да ви даде План 2 од нашата понуда со што ќе добиете детално скроена програма за вас плус онлајн коучинг за изведба на вежбите.
- Прочитајте повеќе за исхраната тука. Со наша програма за исхрана ќе имате детално мени со оброци и упатство за суплементација.
- Не треба да трошите прекумерно многу енергија на други физички активности, трчање, пливање и сл. Немаме ништо против другите физички активности и спортови, напротив. Но доколку трошите многу енергија надвор од теретаната, вежбањето во теретана ќе биде со послаб интензитет. И вашиот прогрес ќе биде значително успорен.