
(За посен кето леб, кликнете тука)
Овој леб е многу хранлив, вистински здрав и заситува далеку повеќе од обичниот леб.
Потребни состојки:
- 150 гр кето брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 прстофат сол
- 30 гр чист посен протеин во прав или протеин од сурутка во прав
- 3 јајца
- 20 гр истопен млечен путер
- 50 гр топла вода
Ги промешувате брашното, прашокот за пециво, солта и протеинот во сад за мешање. Потоа ги додавате јајцата, истопениот путер и топлата вода и промешувате.
Смесата ја истурате во тава за печење леб обложена со хартија за печење. Нека не ве буни доколку смесата е малку течна, со печењето излегува убаво.
Печете на 180 степени додека лебот не добие кафено-жолтеникава боја на површината. Ова е околу 30 минути, иако зависно од печката може да биде и повеќе.
Целиот леб содржи:
- 78 гр протеини
- 13 гр јаглехидрати
- 118 гр масти
Доколку го исечете лебот на 20 еднакви парчиња, ќе ги добиете следниве вредности по парче:
- 3.9 гр протеини
- 0.65 гр јаглехидрати
- 5.9 гр масти
Ова е леб што всушност ве храни – полн со протеини и здрави масти, ни одблизу не го качува шеќерот во крвта како обичниот леб! Со него може да правите тостови, сендвичи и да го користите како додаток во кое било јадење. Може да се мачка со млечен путер, ајвар или путер од кикирики/лешници со домашен џем од малини засладен со стевиа.
Уживајте! 😊
За други кето рецепти кликнете тука.
Порачка за вашите кето намирници направете тука.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
26.11.2023
Discover more from Muskultura.mk
Subscribe to get the latest posts sent to your email.






