Мускултура е брзорастечки бренд и концепт на еден сосема нов стандард во исхраната и вежбањето.
Ценета од луѓе со сериозен пристап, Мускултура е место на луѓе од разни возрасти и професии но со заеднички интерес: здрава исхрана и правилно вежбање за здрав дух и посилно тело.
Ние градиме нова мускулна култура.
Поканети сте.
Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.
НОВИ СТАТИИ:
За потребите на бодибилдингот или каков било тренинг за зголемување на мускулната маса или јакнење на телото, протеини во прав се неопходен суплемент. Протеинот го гради, одржува и опоравува телото. Доаѓа од грчкиот збор protos што значи „прв, најважен“. Потребниот внес е 1-2.5 грама протеин на килограм телесна тежина зависно од многу фактори. Ова се однесува…
Details
Дефинициите за масти ја содржат идејата дека тие се користат за складирање енергија и за да го одржуваат телото топло. Секоја дефиниција за јаглехидратите ја содржи идејата дека тие се користат за енергија. Тоа не е целосно вистина. Тоа е направено така да биде. Мастите можат да се користат како сировина за енергија. Јаглехидратите се…
Details
Неопходно е да се внесуваат витамини и минерали. Доколку сакаме хормоните да нѝ функционираат со полна сила, да го зголемиме бенефитот од исхраната, спиењето и вежбањето за зголемување на мускулната маса или топење на вишокот масти – витамините и минералите се незаменливи. А да не зборуваме за нивниот целокупен ефект врз физичкото и ментално здравје.…
Details
Математика: Не велиме дека не треба да се внесува овошје или јаглехидрати. Зборуваме за математика. Над 40 грама јаглехидрати внесени во текот на денот значи неизлачување максимум хормон за раст, значи намалено топење масти, успорени придобивки од вежбањето. Да не зборуваме за внес на 200-300 грама јаглехидрати како што многумина обично внесуваат. Порачај програма со…
Details
Придобивки за вежбање со тегови Кога станува збор за вежбање со тежини, овој режим на исхрана овозможува многу побрзо градење мускулна маса истовремено со топење на вишокот масти. Кето диета не е „диета за слабеење“. Би било многу кусогледо ако ја наречеме така. Секој аспект од еден здрав и правилен кето режим е во согласност…
Details
Со спринтови се топат неколкукратно повеќе масти отколку со долготрајно џогирање или кардио. Меѓутоа нивната намена не е само за слабеење. Спринтовите даваат хормонален одзив еднаков на 45-минутен интензивен тренинг со големи тежини. Долготрајното и често трчање или џогирање е „најпопуларниот“ начин за слабеење. Воедно и најлошиот. Долготрајното џогирање поттикнува зголемено излачување кортизол, а тоа…
Details
Повеќето луѓе сметаат дека еден тренинг треба да трае додека не ја потрошат енергијата. Чувството на енергија не е знак дека има уште од тренингот. Чувството на сила или енергија за време на тренингот не е мерило колку треба да трае тренингот. Чувството на сила или енергија во денот по тренингот, не е показател дека треба…
Details
Инсулин е хормон кој се активира заради присутност на јаглехидрати односно шеќери во крвта. Тој ги собира шеќерите и ги распределува за моментална употреба за енергија, дел складира во мускулите и црниот дроб (доколку не се веќе полни) а остатокот го претвора во масти и ги складира. Исто така складира и масти од исхраната, но…
Details
Терминот естроген се однесува на група од хемиски слични хормони доминантни во женското тело и одговорни за развивање и одржување на женските карактеристики. Естроген има и во машкото тело, но во многу помала количина. Мали количини од тестостеронот секогаш се конвертираат во естроген во машкото тело. Главната состојка која ја врши конверзијата (претворањето) се наоѓа…
Details
Кортизол е хормон кој зголемено се излачува во моменти на физички или ментален стрес. Односно, во моменти на голем напор, како вежбање или долготрајно трчање, разни стресни животни ситуации. Исто така постои зголемено излачување на кортизол во моменти на изгладнетост и ненаспаност. Тој е неопходен за телото во нормално ниво. Врши многу важни функции, на…
Details