Мускултура e методологија на еден сосема нов стандард во исхраната, вежбањето и начинот на живот.
Ценета од оние со сериозен пристап, Мускултура е место на луѓе од разни возрасти и професии но со иста цел: да го воздигнат својот живот преку постигнување ново ниво на физичко и ментално здравје.
Ние градиме нова мускулна култура.
Поканети сте.
Обратете нѝ се доколку ви е потребна насока или имате прашања.
НОВИ СТАТИИ:
Во сред теретана вежбач прави мртви кревања со свиткан грб. Си работи кон самоповреда и никој ништо не гледа. Дојдов до него, поразговаравме и му ја покажав вежбата – веднаш сфати како да ја прави и ја правеше супер. И стари вежбачи прават грешки, да не зборуваме за почетници. Но проблемот е во доменот. Вашата…
Details
Посветеноста е духовна суперчовечка карактеристика и една од најнеразбраните, а една од најспоменуваните.
Details
Денешниот просечен маж има 50% понизок тестостерон и над 50% пониска плодност од просечниот маж во 1970 година, а секоја година процентот на опаѓање Е ПОВИСОК.
Details
Чудо е колку тортура трпи човечкото тело. Телото трпи, а духот страда. И после тежок бил денот!
Details
Постојат разни пристапи кон телото. Некои од нив велат: „Слушај си го телото, тоа знае што најдобро му треба.“ Дали е тоа вистина?
Details
Едноставна здравствено – математичко – економска пресметка.
Details
Природата оставила паметен механизам кој одвнатре ќе нè турка во насока на прогрес.
Details
Денес, правилната исхрана и правилното вежбање се задолжителни методи за подобар опстанок.
Details
Не постојат брзи трикови, но постои НАЧИН.
Details
Мала е навидум разликата помеѓу оние кои се трудат и човекот кој на кафе муабет со една реченица и замав со раката го отфрла сето тоа како „бадијала“. Изгледа како да нема голема разлика – двајца луѓе седат на кафе и разговараат. Но вистинската разлика е поголема од универзумот.
Details