Продолжува од: Твоите специјални сили
Постојат неколку основни работи кои неизбежно играат пресудна улога во имунитетот.
Исхрана
„Балансирана и здрава исхрана“ – најмилозвучното клише во модерниот свет во кој владее прекумерна телесна тежина, високо ниво на шеќер во крвта и пореметено излачување на инсулин. А со тоа и небалансиран и нездрав ефект врз остатокот од хормоните. А со тоа и „Добредојдовте во нашиот маркет кој мисли за вас, каде речиси и нема храна ама затоа има по двесте врсти бисквити, кекси, колачи, грицки, смоки, чипсови, чоколади, суперздравидетски чоколоко кремови, лижавчиња, лебови, кроасани, мусли, џемови, мармалади, сокови, сувомеснати производи со по осум „Е“ додатоци и други натрапници од над-пандемиолошки размери.“ Како беше за време на Ковидот: „Само застанете на дистанца ве молиме, за вашето здравје се работи. Клик, ете сега можете да го имате вашето здраво јогуртче со аспартам и соја.“
– Кето диета
Доклку кетогената исхрана се прави правилно, на здрав начин, имунитетот значително ќе се подобри. Кето диета не значи само храна со минимум јаглехидрати, или протеинска исхрана, или исхрана со протеини и масти. Бидејќи и во протеинското јогуртче има протеини, но и сопирачи на кетоза. Некои продукти што дури и се наречени „кето“ сопираат кетоза. Постојат многу скриени сопирачи на кетоза. Затоа некои луѓе што „ја пробуваат“ кето диетата се измачуваат и не успеваат. Дополнително, мислејќи дека таа се состои само во протеини, несвесно прават и многу други грешки заради кои нема да почувствуваат ниту 10% од тоа што навистина е кетото.
– Витамини и минерали
Ги знаете сигурно популарните витамини и минерали кои го јакнат имунитетот, како витамин Д, цинк, витамин Ц… Тие се навистина неопходни но витамините и минералите дејствуваат во взаемен однос, и потребни се сите витамини и минерали а не само овие три кои сега често ги пакуваат во комбо производи како „имунопротектсупер“, и слични изјави нешто поврзани со имунитет. Имунитетот ги сака сите витамини и минерали. Ако Ковид беше ситуација со влошен вид наместо вирус, популарен ќе беше витаминот А, ама тоа што не е така популарен не го прави витаминот А ништо помалку потребен. Ниту кој било друг витамин и минерал. Доколку витамините и минералите не се во правилен сооднос и доза тоа може да предизвика недостаток на други, а со тоа и сите симптоми на тој недостаток.
Правилно вежбање
Колку што правилното вежбање го јакне организмот толку неправилното вежбање може да го наруши имунитетот. Но ефектот од правилно вежбање не може целосно да се постигне без правилна исхрана и добар сон. Затоа ова бара систематизиран пристап.
Лимфниот систем е дел од имунолошкиот систем и е мрежа од ткива и органи кои преку лимфната течност му помагаат на телото да се бори против натрапници и да се ослободува од токсини (детоксикација), отпад и други непотребни материјали. Лимфната течност испорачува и нутриенти до ткивата и во неа патуваат добар дел од елитните единици, тие не се возат само преку крвта.
За разлика од срцето коешто постојано пумпа и така ја движи крвта, лимфниот систем го користи движењето на нашето тело како притисок за да ја турка лимфната течност во деловите на телото. Лимфната течност влече токсини и отпад од ткивата (внатрешноста на целто тело) и помага да се исфрлаат. Вежбањето е многу ефективен притисок за лимфниот систем. Ова го прави добар метод на детоксикација и хранење и лечење на ткивата на телото (во превод, активен и ефикасен имунолошки систем). Ако ова беше единствената корист од вежбањето, тоа сепак ќе беше незаменливо.
Затоа вистина е дека фитнес центрите се „здравствени институции“ (освен тие што не прават редовно дезинфекција).
Спиење
Како што телото мора да спие така исто и имуниот систем има потреба од истиот тој процес. Неквалитетниот или недоволниот сон предизвикува СИГУРЕН, НЕИЗБЕЖЕН стрес врз телото и умот. Тогаш војската на имунитетот станува неефективна, лоша координација, уморни и збунети војници, беспотребни аларми (воспаленија, алергии). Потребен е сон од 7-8 часа.
Како што е имунолошкиот систем така детално поставен а не општо и површно, така и ние треба да пристапуваме кон проблемите и целите во животот. Систематизирано и тимски.
Негативитет
Негативитетот е како пијавица која го цеди психофизичкото здравје. Мора да се направи разлика што е негативитет, а што е негативно – бидејќи ако избегнуваме сè што е негативно, тогаш ќе избегнуваме сè што е непријатно и неудобно, а тогаш не може да се напредува и да се решаваат проблеми. Решавањето проблеми не е секогаш удобно.
Но негативитетот е апсолутно непотребен. Закачување за негативни вести, портали, негативни луѓе и безвезни разговори кои не придонесуваат за ништо и никого, се непријател на психофизичкиот имунитет. Прочитајте повеќе за тоа тука.
За да живееме со позитивни мисли и став, мораме да разберемe и успешно да примениме едно од најважните нешта во животот:
View this post on Instagram
Стрес
Еден од најголемите виновници за нашите здравствени проблеми, стресот. Тоа е такво клише, што луѓето генерално не ги препознаваат вистинските и значајни извори на стресот. Тој може да потекнува од ментални фактори и/или од физиолошки фактори. Менталните и физолошки фактори се во директна взаемна врска.
Еден од најголемите извори на стрес е опишан во видеото погоре.
Други извори на стрес кои самите ги носиме се:
- Неправилна исхрана
- Недоволен и/или неквалитетен сон
- Изложеност на токсини (од околината, храната, разни препарати…)
- Алкохол
- Цигари
- Голем број синтетички медикаменти
Стрес не се само проблемите на работа, со пари, сметки, или недоразбирањата со некого.
Менталниот стрес е силината на притисокот што го чувствуваме во дадените ситуации.
Таа силина е управувана и регулирана во главно од фактори кои се исклучиво под наша контрола! Тоа се факторите наведени во оваа статија.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
11.07.2024