Проследете го моето гостување во Телма ТВ, зборувавме за тоа како да приготвите кето пита со спанаќ и поразговаравме за плодноста и исхраната. Глобалните извештаи кои допрва ќе излегуваат за енормно влошената плодност на светско ниво и „решенијата“ кои ќе се нудат за овој проблем кој допрва ќе се популаризира, како што објаснив тука и тука, нема да имаат голема поврзаност со вистинските причини за ваквото влошување.
Праксата покажува дека глобалните или општествените реакции на реалните проблеми доаѓаат децении подоцна, што значи дека ќе почне да се зборува за некакви реформи откако проблемот ќе биде веќе „нормална појава“, исто како што денес вишокот килограми се нормална појава. И неплодноста и вишокот килограми, како и многу други здравствени проблеми се воглавно целосно превентабилни.
ПЛОДНОСТА ЗАПОЧНУВА ВО ЧИНИЈАТА.
Овој „Оброк на денот“ не е само оброк туку е чекор кон вистинско здравје, кон регенерација на организмот и НОВ ЖИВОТ.
Се надевам дека споделените информации ќе ви бидат од корист во вашите стремежи кон поздрав живот.
За други кето рецепти кликнете тука.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
02.07.2025