Pravilna ishrana

Што е кето диета?

Кето диета е најповолниот начин на исхрана за градење мускулна маса и губење на вишокот масти. Во главно, се состои од минимален внес на јаглехидрати, умерена количина протеини и висока количина масти. Секако, за градење мускулна маса потребно е правилно вежбање. Кето диетата овозможува идеален хормонален профил и во споредба со која било друга диета,…

Колку долго и колку често треба да вежбаме

Повеќето луѓе сметаат дека еден тренинг треба да трае додека не ја потрошат енергијата. Чувството на енергија не е знак дека има уште од тренингот. Чувството на сила или енергија за време на тренингот не е мерило колку треба да трае тренингот.  Чувството на сила или енергија во денот по тренингот, не е показател дека треба…

Инсулин, функција и дефиниција

Инсулин е хормон кој се активира заради присутност на јаглехидрати односно шеќери во крвта. Тој ги собира шеќерите и ги распределува за моментална употреба за енергија, дел складира во мускулите и црниот дроб (доколку не се веќе полни) а остатокот го претвора во масти и ги складира. Исто така складира и масти од исхраната, но…

Естроген

Естроген, функција и дефиниција

Терминот естроген се однесува на група од хемиски слични хормони доминантни во женското тело и одговорни за развивање и одржување на женските карактеристики. Естроген има и во машкото тело, но во многу помала количина. Мали количини од тестостеронот секогаш се конвертираат во естроген во машкото тело. Главната состојка која ја врши конверзијата (претворањето) се наоѓа…

Кортизол, функција и дефиниција

Кортизол е хормон кој зголемено се излачува во моменти на физички или ментален стрес. Односно, во моменти на голем напор, како вежбање или долготрајно трчање, разни стресни животни ситуации. Исто така постои зголемено излачување на кортизол во моменти на изгладнетост и ненаспаност. Тој е неопходен за телото во нормално ниво. Врши многу важни функции, на…

Тестостерон, улога и дефиниција

Тестостерон е еден од најважните хормони кога станува збор за градење мускулна маса. Во човековото тело, кај машките се произведува главно во тестисите и многу мал дел во други жлезди. Кај жените се произведува во јајниците, но во многу помала количина отколку кај машките. Тој е директно одговорен за сексуалниот нагон и игра голема…

Диетални влакна, незаменливи за хормоналниот баланс

Диетални влакна и хормоналниот систем Балансот на хормоните може да се наруши заради повеќе фактори. Хормоналниот систем функционира толку поврзано што кога еден хормон излегува од баланс, и другите излегуваат. Факт е дека исхраната има огромна улога во постигнувањето и одржувањето хормонален баланс. Овде ќе обрнеме внимание на еден многу важен дел од исхраната –…

Брзи и спори мускулни влакна

Мускулни влакна Телото има неколку видови на мускули или мускулни влакна, но тука зборуваме за скелетните мускули. Тоа се мускулите  поврзани со скелетот и се дел од механичкиот систем кој го движи телото. Тоа се мускулите кои сакаме да ги зголемиме и дефинираме. Од овој тип на мускули постојат два вида мускулни влакна: брзопотезни и…

Слабеење

Слабеење, исправниот начин Слабеење е тема од исклучителна важност без разлика дали вас лично ви е потребно да ослабете или не. Познавајќи ги овие принципи, ќе бидете во можност самите да знаете како до посилно и подобро градено тело. Постојат многу методи на слабеење. Овде зборуваме како да се изгубат вишокот телесни масти преку правилна…

Прогресивно зголемување на тежини

Прогресивно зголемување на тежини значи постепено зголемување на тежините за вежбање. Зголемувањето се прави од тренинг во тренинг или измеѓу повеќе тренинзи. Тоа овозможува прогрес во зголемувањето на мускулна маса и сила. Доколку сакате непречено да растете, да ги зголемувате вашата мускулна маса и сила, еве ги принципите кои го овозможуваат тоа. Хормоналниот одзив кој…