Мускултура мк

Во потрага по вистинските одговори за здравјето и вежбањето

Во прилог следи наша објавена статија во списанието Cosmo, број 61 за февруари-март 2021. Во нашето секојдневие, постојано сме „бомбардирани“ со илјадници информации за тоа што треба/не треба да јадеме, како и кога да вежбаме, колку калории треба да внесуваме и сл. И додека во повеќето од овие информации има вистина, голем дел од работите…

Многу напор а малку резултати

Сретнавме едно дете во теретана. Висок 186 а тежок 62 кг. Вежбаше изолациски вежби за трицепс, гради со кабли… И слично. И кај луѓе со преголема и кај луѓе со премала тежина, ваквите ситуации се пречести. Вежбаат претежно изолациски вежби, трчаат на трака или точак по 60 минути… Има многу примери, висок човек а мала…

Вежбање за почетници

Совети за почетници и за сите други освен Арнолд Шварценегер

Како почетник сакаме да те упатиме да не ги правиш грешките во вежбање што голем дел од почетниците ги прават. И многу од оние другите. Бидејќи грешките некоригирани, стануваат пракса. Ти не си Арнолд Шварценегер. Немој да правиш 18 изолациски вежби во еден тренинг. Немој да вежбаш 2 часа. Немој да вежбаш секој ден. Арнолд…

Вежби за сплитови

Добри и лоши сплит рутини, примери

Сплит рутините можат да бидат многу ефективни и исто толку неефективни зависно од тоа како се прават. Сплит рутина значи делење на тренинзите по мускулни групи. Примери за сплит рутини Ова се само примери, сплитовите не се шаблон еднаков за сите, затоа што опфатените вежби во даден тренинг треба да зависат од повеќе фактори меѓу…

Тренинг во карантин

ТРЕНИНГ ВО КАРАНТИН

Оваа статија нека служи како упатство не само за во карантин (во отсуство на поголеми тежини), туку и за како секогаш да се одржува што повисок хормонален одзив. Ете и ваква работа доживеавме: Нема теретани. Немаме пристап до поголеми тежини. Криза е. Креваме маси, шкафови, луѓе, миленици. Ако сте вежбале со поголеми тежини сега нема…

Прогрес

Двете нивоа на закрепнување; нулта и прогрес во животот

Мускулите растат за време на закрепнување. Овде детално објаснивме колку долго и колку често треба да вежбаме за максимум мускулен раст. Иако овој период на закрепнување го нарекуваме одмор, технички тоа не е целосно точно. Да, мускулите растат за време на одморот, но растат и откако сме се „одмориле“. Одморот е само првото ниво на…

Како вежбањето ги зајакнува коските

Вежбањето со поголеми тежини стимулира раст на мускулите преку вградување аминокиселини во мускулите – процес којшто е активиран од хормонот за раст и тестостеронот. На сличен начин се зајакнуваат коските, но и другите сврзни ткива како ‘рскавиците, лигаментите и тетивите. Коските достигнуваат лимит на растот во должина на околу 14-16 години кај женските, а кај…

Рамен стомак

Како до рамен стомак?

Како до рамен стомак? „Правете ги овие седум вежби и постигнете рамен стомак за две недели!“ Аха. За да се постигне рамен стомак или видливи стомачни мускули многу фактори влегуваат во игра. Не постои едно решение, како на пример потенцирање на стомачни вежби, или само исхрана или некој магичен суплемент. За тоа е потребен систем…