Тука е снимката од денешното гостување на Алфа ТВ.
Зборувавме за автофагија, интервално постење и кетоза. Тоа се три елементи кои се МНОГУ ТЕСНО поврзани. Секако на оваа тема има многу што да се каже и за тоа ќе зборуваме во други прилики и секако ќе читате на Мускултура.
Битни поенти!
- Нутритивната кетоза е природна и здрава состојба.
- Длабоката автофагија како процес се одвива единствено во состојба на кетоза.
- Ако човек не јаде во пролонгиран период, телото природно влегува во состојба на кетоза.
- Интервалното постење своите бенефити ги добива од и заради состојбата на кетоза.
- Горивото на кое организмот ги врши своите рехабилитирачки процеси за време на автофагијата – доаѓа од согорувањето масти и кетони (кетоза).
- Овие состојби го будат телото до степен каков што бил возможен само за раниот Човек.
- Потребна е правилна адаптација во кетоза за да може лесно да се искусат појачаните бенефити од интервалното постење и автофагијата.
- Тоа носи ново ниво на постоење. Нова свежина и зголемена живост каква што не е позната ни во учебниците.