Сакате да купите протеини и гледате две различни пакувања. Двете тежат 2.27 кг. Првото чини 3200 денари, второто 3600 денари.
Кое ќе го изберете?
Во нашиов реален пример второто пакување од 3600 денари е подобриот избор. Содржи повеќе протеини и излегува поевтино.
Вистинската цена на протеините и другите суплементи може да се види ако ја пресметате по грам состојка. Односно, колку грама чист протеин содржи и која е цената на 1 грам чист протеин.
Еве зошто во нашиов случај „поскапото“ пакување е поевтино:
Првото пакување
Цена | 3200 |
Нето тежина | 2270 |
Чист протеин на 100 грама | 61 |
Чист протеин во пакување | 1384.7 |
Цена на грам чист протеин | 2.3110 |
Цена на кг чист протеин | 2310.9699 |
Второто пакување
Цена | 3600 |
Нето тежина | 2270 |
Чист протеин на 100 грама | 75 |
Чист протеин во пакување | 1702.5 |
Цена на грам чист протеин | 2.1145 |
Цена на кг чист протеин | 2114.5374 |
Во првото пакување има 61 грам протеин на 100 гр прашок. Што се остатокот 39 грама? Читајте ги етикетите.
Калкулатор за цена на протеини (МОМЕНТАЛНО ВО ИЗРАБОТКА)
Внесете ја цената и грамажите во портокаловите полиња. Ќе добиете цена за грам чист протеин (или за друга барана состојка). Калкулаторот може да се користи и за други суплементи и продукти доколку ја знаете содржината на бараната состојка во 100 гр производ.
Цена | 0 |
Нето тежина | 1 |
Чист протеин на 100 грама | 1 |
Чист протеин во пакување | 0.01 |
Цена на грам чист протеин | 0 |
Цена на кг чист протеин | 0 |
Во „Калкулатори за споредба“ имате три исти калкулатори, за споредување производи:
Цена | 0 |
Нето тежина | 1 |
Чист протеин на 100 грама | 1 |
Чист протеин во пакување | 0.01 |
Цена на грам чист протеин | 0 |
Цена на кг чист протеин | 0 |
Цена | 0 |
Нето тежина | 1 |
Чист протеин на 100 грама | 1 |
Чист протеин во пакување | 0.01 |
Цена на грам чист протеин | 0 |
Цена на кг чист протеин | 0 |
Цена | 0 |
Нето тежина | 1 |
Чист протеин на 100 грама | 1 |
Чист протеин во пакување | 0.01 |
Цена на грам чист протеин | 0 |
Цена на кг чист протеин | 0 |
Доколку на пакувањето нема информација колку содржи на 100 грама, еве го калкулаторот според содржина по доза:
Нето тежина | 1 |
Цена на производ | 1 |
Грамажа на цела доза | 1 |
Грама состојка во доза | 1 |
Број на дози | 1 |
Вкупно грама состојка во пакување | 1 |
Цена на грам состојка | 1 |
Нето тежина | 1 |
Цена на производ | 1 |
Грамажа на цела доза | 1 |
Грама состојка во доза | 1 |
Број на дози | 1 |
Вкупно грама состојка во пакување | 1 |
Цена на грам состојка | 1 |
Нето тежина | 1 |
Цена на производ | 1 |
Грамажа на цела доза | 1 |
Грама состојка во доза | 1 |
Број на дози | 1 |
Вкупно грама состојка во пакување | 1 |
Цена на грам состојка | 1 |
Нето тежина | 1 |
Цена на производ | 1 |
Грамажа на цела доза | 1 |
Грама состојка по доза | 1 |
Број на дози | 1 |
Вкупно грама состојка во пакување | 1 |
Цена на грам состојка | 1 |
На пример, има многу БЦАА прашоци со додаден глутамин или други споредни состојки како аминокиселини, минерали, витамини… Постојат многу разни варијанти и кај некои содржината на чисти БЦАА во целото пакување е 50%. Секако дека додатоците можат да бидат корисни, меѓутоа треба да знаете зошто купувате БЦАА. Ако купувате БЦАА заради БЦАА, тогаш додатоците ја разводнуваат содржината и ја зголемуваат цената по грам БЦАА. Ова е случај и со други суплементи, како на пример глутаминот кој често се наоѓа во пакување со други додадени состојки.
Совет:
Многу е поисплатливо бараната состојка да се купи чиста.
Доколку ви се важни некои од додадените состојки, купете ги одделно. Не само што е поевтино туку би добиле вистински дози што имаат ефект.
Така на пример наместо поскапи БЦАА „збогатени“ со мала доза глутамин, би добиле чисти БЦАА, плус многу повеќе глутамин.
Истото важи и за протеините со додаден креатин. Подобро да купите чист протеин и чист креатин посебно, за да имате добра количина од концентрирани состојки.
Секогаш е поисплатливо кога купувате чисти суплементи.
Суплементите имаат најдобар ефект кога се внесуваат во доволна количина. Кога се во форма на спореден додаток, тоа најчесто не се дози со доволна концентрација.
На пример, за да имаат полн ефект БЦАА треба да се 5 гр по доза, глутамин 5 гр, креатин 5 гр, бета аланин [аминокиселина, се користи за поголема мускулна издржливост] 3 грама по доза. И за повеќето други додадени аминокиселини чие име изгледа привлечно на етикатата но со минијатурна грамажа – потребната доза е околу 5 грама.
Во поголемиот број суплементи, особено прашоците – ниту една додадена (споредна) состојка не е пресудна за главната состојка да има ефект. А споредните состојки се често во таква недоволна количина што воопшто не треба ни да сметате дека ги внесувате.
Исто и со витамините и минералите. Како минијатурни додатоци можеби подобруваат апсорпција на суплементот, но тоа не е замена за доволен дневен внес на витамини и минерали. Потребните дози се далеку подруги.