Потребни состојки:
- 150 гр кето брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 прстофат сол
- 30 гр протеин од ориз или протеин од сурутка во прав
- 3 јајца
- 20 гр истопен млечен путер
- 80 гр топла вода
Ги промешувате брашното, прашокот за пециво, солта и протеинот во сад за мешање. Потоа ги додавате јајцата, истопениот путер и топлата вода и промешувате.
Смесата ја истурате во тава за печење леб обложена со хартија за печење. Можеби навидум изгледа течно, но со печењето излегува убаво.
Печете на 180 степени додека лебот не добие кафено-жолтеникава боја на површината. Ова е околу 25 минути, иако зависно од печката може да биде и повеќе.
Заради природна реакција помеѓу високата алкалност на прашокот за пециво и супстанца која природно се наоѓа во сончогледот во брашното, понекогаш може да дојде до генерирање на зелена боја. Иако може да биде необична глетка, тоа е сосема нормално, нештетно и не влијае негативно на вкусот, квалитетот и трајноста на лебот.
Целиот леб содржи:
- 78 гр протеини
- 13 гр јаглехидрати
- 118 гр масти
Целата количина леб во протеини е еквивалентна на 300 гр месо.
Доколку го исечете лебот на 20 еднакви парчиња, ќе ги добиете следниве вредности по парче:
- 3.9 гр протеини
- 0.65 гр јаглехидрати
- 5.9 гр масти
Овој леб е многу хранлив, вистински здрав и заситува. Со него може да правите тостови, сендвичи и да го користите како додаток во кое било јадење. Може да се мачка со млечен путер, ајвар (без додадени јаглехидрати) или путер од кикирики/лешници.
Пратете нѝ слика и пишете впечатоци! 😊
За други кето рецепти кликнете тука.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
26.11.2023
Порачка за вашите кето намирници: