Кортизолот е спротивставен хормон на тестостеронот – кога кортизолот е високо, тестостеронот автоматски паѓа ниско.
Со често покачен кортизол се успорува градењето мускулна маса, најмалку од две причини.
1) Помалку тестостерон = поспоро градење мускули.
2) Покачениот кортизол ги разложува (топи) мускулите.
Исто така, спротивно на популарното мислење, вака всушност се успорува топењето на вишокот масти. Општоприфатено мислење е дека најдобриот метод на слабеење или топење масти е измачување со долготрајно трчање и долги тренинзи. Тоа е погрешно. За време на тренингот се топат помалку масти отколку ПО ТРЕНИНГОТ. После правилен тренинг хормоните се во нивото кое е потребно за да се топат мастите. Исто како што мускулите не се градат за време на тренинг, туку по тренингот.
Затоа вашиот програм за вежбање мора да се базира на овие принципи за да го извлечете најдоброто во секој поглед.
Растете додека спиете, топите масти додека спиете
Овие две работи – топењето масти и градењето мускулна маса се одвиваат најмногу за време на СПИЕЊЕТО. Слабеете додека спиете, бидејќи тогаш се најактивни хормоните кои топат масти и кои градат мускулна маса.
Спиењето најдобро се одвива од 22ч/23ч до 06ч/07ч. Во секој случај, најмалку 8 саати.
Исто така со правилна исхрана односно правилни хормонални реакции, телото ќе биде во состојба на согорување масти 24 часа на ден бидејќи енергијата ќе ја добива од мастите. Дали од телесните масти, или од мастите од исхраната, тоа се регулира со внес на правилна количина масти, протеини и јаглехидрати.