Телото и личната состојба можат да се подобрат или трансформираат во насоката што ја посакувате само преку соодветни чекори кои поттикнуваат таква промена. Тоа се постигнува не само со тренинг или исхрана, туку со систем кој работи со сите влијателни фактори.
Еден правилен систем не е шаблон еднаков за сите. Секој човек е во некаква состојба, има свои специфичности и цели. Успехот не се постигнува преку шаблон, туку преку успешни чекори. Секој чекор треба да е успех што води кон поголеми успеси. Затоа ние будно работиме со постоечките индивидуални фактори и ве водиме кон резултати. Тоа е една од основите на нашиот пристап.
Постојат два планови за вежбање и исхрана кои опфаќаат: здраво слабеење, зголемување на мускулната маса, зголемување на енергијата, подобрување на општата состојба, зголемување на силата, подобрување во конкретен спорт, зајакнување на повреден дел, постигнување подобра форма и пред сè, подобрување на животните навики. Која и да е вашата специфична цел, програмата резултира во ревитализација, односно го подобрува вашето ниво на виталност.
Програмата вклучува мониторинг, поддршка и комуникација, инструкции, консултации, совети, како и персонализирани планови за исхрана и тренинг. Ќе добиете детални описи за начинот на исхрана и секој тренинг, како и клучни фактори што треба да ги знаете. Во зависност од вашите околности и цели, може да се вежба во домашни услови или во фитнес центар.
Зависно од возраста, дали сте искусен вежбач, почетник, маж или жена, програмата се формира според вашата телесна структура, моменталната состојба и целите што сакате да ги постигнете. Програма значи серија од последователни чекори во насока на прогрес.
Следењето на програмата со нејзините последователни чекори дава континуиран напредок.
Што содржи планот |
План А | План Б |
Програма и план за исхрана | √ | √ |
Можност за посни/вегански оброци | √ | √ |
Рецепти од Мускултура | √ | √ |
Програма за вежбање со видеа за секоја вежба | √ | √ |
Онлајн коучинг | √ | √ |
Совети за елиминирање на фактори што можат негативно да влијаат на твојата цел | √ | √ |
Инструкции за квалитетна суплементација | √ | √ |
Три лични консултации месечно | √ | √ |
Три лични консултации неделно | √ | |
Параметри за следење на твојот прогрес за максимум резултати | √ | √ |
Пресметани поединечни оброци со дневен внес на протеини, масти и јаглехидрати соодветно за тебе | √ | √ |
Коучинг за интервално постење (intermittent fasting) | √ | √ |
Коучинг за автофагија | √ | |
Обраќања (видеа) од Мускултура со совети и мотивација | √ | √ |
Пристап до премиум содржина | √ | |
Коучинг за подобрување на фертилност | √ | |
Цени (месечно): | 90 eur | 60 eur |
Плати онлајн: | КУПИ | КУПИ |
План А – „Премиум трансформација“ е за оние што бараат максимум резултати и трајна промена. Покрај сите бенефити од План Б, добивате приоритетна поддршка; пристап до неделни лични консултации и премиум содржина; коучинг за автофагија, интервално постење и подобрување на фертилност (зависно од потребите). Вклучени се и мотивациски видеа од Мускултура и инструкции за суплементација. Овој план е вашиот комплетен систем за физичка, ментална и хормонална оптимизација.
План Б – „Основен импулс“ е вашиот стартен чекор кон трансформација. Вклучува комплетна програма за исхрана и тренинг, со видеа за секоја вежба, рецепти од Мускултура и онлајн коучинг. Ќе добиете простор за три лични консултации месечно, параметри за следење на прогресот и индивидуално пресметани оброци според вашите цели. Стабилен почеток со професионална поддршка.
Во тимот за изработка на програмите учествуваат:
- Дино Николиќ – креатор и автор на Мускултура; Сертификуван здравствен тренер и нутриционист, фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
- Ивана Николиќ – Фитнес инструктор
Нашите програми го третираат човекот како целокупен систем, а не само како тело со мускули или масти. Нашите стратегии за вежбање и исхрана се центрирани околу максимум хормонален одзив за максимум енергија, раст, сила и топење на вишок масти на здрав начин.
Грешките во исхраната можат да го потиснат ефектот од вежбањето, исто и грешките во вежбањето можат да го потиснат ефектот од исхраната. Грешките во животниот стил може да ги нарушат бенефитите од исхраната и вежбањето. Затоа вредните и значителни резултати се постигнуваат само преку целокупен пристап кон единката.
„Многу ми се допаѓа тоа што го кажувате, затоа и се одлучив за вас бидејќи сè ми е медицински издржано.
Имам многу повисока енергија, дури и при дежурства! Добивам коментари дека нешто се променило, дека изгледам помладо. Полесно се будам, ми се намали стресот, се осеќам полетно и многу мотивирано. Плус со задоволство ве следам и читам СÈ од Мускултура.
Од сè срце благодарам.“
– Бисера С., кардиолог
„Имам 16 години. За неколку месеци на програма на Мускултура се извишив 2 см, a пред тоа имав стагнација во растот повеќе од една година. Значително намалив од вишокот сало и имам очигледни промени во дефинирање на мускулната маса. Имам повеќе енергија и посреќен сум. Многу сум задоволен од исхраната и вежбите и од целокупниот пристап на Мускултура.“
– Петар
„Ова е единствениот начин на исхрана и вежбање кои сум ги практикувала повеќе од еден месец, затоа што храната која ја јадам е вкусна, не сум гладна, имам резултати, и затоа што мислам дека е најдобриот начин на исхрана која мене ми одговара, немам потреба за ништо што ми е надвор од менито.
Многу помала е ’гумата‘ околу стомакот на која бев навикната, посвежа сум и побистра ми е главата.
Немам веќе болка во лумбалниот дел од кичмата, а бев навикната цел живот со тоа да живеам и во прво време не ми се веруваше дека ја нема болката.
Имам многу повеќе енергија, не морам да ’подлегнам‘ попладне, подобро спијам, имам повеќе сила за вежбање и немам веќе ПМС!“
– Кристина М., Доктор по медицина, 16 години клиничка пракса
„Мене лично ми се случува неверојатно просветлување од оваа област. Сега сфаќам колку сè спротивно сум правел… Пред сè, сум се хранел погрешно.“
– Бошко Талески, долгогодишен вежбач
„Пред програмата секојдневно примав инсулин со брзо и со одложено дејство и две таблети за да го контролирам шеќерот кој сепак беше висок. Сега откако сум на програма, примам само од спориот инсулин и тоа помалку единици, брзиот ми е непотребен и повеќе не пијам таблетарна терапија. Шеќерот преку ден ми се движи помеѓу 5 и 6. Два пати претходно пробав со нутриционисти и немаше значаен ефект. Сега имам многу повеќе енергија, намалено неколку броја на облеката и се движам во добра насока.“
– Аница Барабановска, мед. сестра
„Никогаш не верував дека ќе можам да имам видливи стомачни мускули. Ама можно било со правилна исхрана и вежбање. Целокупно се стопи вишокот масти што беше во телото.“
– Тони Г.
„Токму тоа што ми треба, поттик, комуникација на ниво, презадоволен, се чувствувам одлично и исполнет со оптимизам. Едноставно ми се врати животната енергија, нема повеќе мрзеливост.“
– Далибор А.
„Имам енергија како никогаш до сега. Намалив килажа и исто така имам намалено во обем. За соработката со вас немам коментар. Kриво ми е што не ве запознав порано. Секоја чест.“
– Васко П.
„Со вас ги фрлив и лековите за шеќер и притисок!“ – Примариус д-р Таше Трпчевски, Болница Плодност
„Соработката со Мускултура ми беше најдобрата одлука направена оваа година.“ – Марија Шулеска
„Си го осеќам напредокот!
Се чувствувам посвеж, имам подобра издржливост, подобрена кондиција, подобрена концентрација.
Будењето и спиењето ми е подобрено, не отекувам у лице од сабајле за разлика од порано.
Се чувствувам поенергичен во текот на денот. Ја ставив во мирување мрзеливоста. Мускултура ти е како ветер во грб.“ – Маријан Б.
„Мускултура се најдобри за физичко и умствено подобрување!
Претходно секое утро се будев и потоа правев кафе, пушев цигари и скролав на телефонот. Ова беше моја утринска рутина многу долго време. Сега тоа е сменето, се будам наутро полна со енергија и имам наплив да средувам некои едноставни работи по дома како чистење и организирање пред да тргнам на работа. Не само наутро туку и низ целиот ден гледам дека правам повеќе од што сум правела претходно. И стомакот ми изгледа многу подобро и си го чувствувам телото полесно навечер. Ментално и физички се чувствувам подобро. Можам да направам повеќе работи и плус имам поголем фокус. – Ени Дирмо
„Имам разлика во нивото на енергија од претходно кога тренирав, мислам дека сега имам дупло енергија! Ја препорачувам Мускултура на други затоа што знаете како и како се стигнува до прав резултат.“ – Александар Грујоски, фудбалски судија
„Мускултура – Top of the Top. Податоци кои можат СЛОБОДНО да ги користат и професионални спортисти и други на која било годишна возраст. Придобивките се невероватни. Зголемување на енергијата, подобро спиење, полесно извршување на секојдневните активности, будност. Сите придобивки објаснети во Мускултура се постигнуваат уште при првата примена!“ – Бобан Бабунски
„Имам повеќе кондиција, издржливост во секојдневието и во самите тренинзи. Емоциите ми се попозитивни, посмирени во однос на стрес и напнатост. Се чувствувам подобро од пред да почнам.
Долниот дел од грбот не ме боли, како што знаеше да се случи повремено. Поактивен сум на работа во однос на обврските, немам замор.“ – Александар М.
„Браво за деталната програма!! Да знаете дека сум презадоволен од пристапот, професионален и конкретен, за мене!“ – Александар Г.
„Иако сум искусен вежбач, учам нови работи. Полетно се осеќам, поенергично и кондициски подобро.“ – Томислав К.
_______
Плаќањето е безбедно и се врши онлајн преку платежна картичка, на PayPal. Не е неопходно да имате регистрирано PayPal за да се изврши уплата (види пример на сликите подолу – Најави се како гостин / Checkout as Guest или Плати со дебитна или кредитна картичка / Pay with Debit or Credit Card). Уплатата се обновува секој месец и обновувањето можете да го сопрете во секој момент. Доколку не ви помине уплатата веројатно имате лимит до 3000 ден за онлајн купувања, кој може да го смените преку мобилна апликација или со повик до банката.
Пример:
или
Во рок од 24 часа по уплатата стапуваме во контакт!
Ова е твојот следен чекор кон твојата подобра состојба.