Креатин е природна супстанца која придонесува во создавање мускулна енергија. Се создава преку соединување на одредени аминокиселини, што значи е дериват од тие аминокиселини. Така самото тело произведува креатин, во количина од 1-2 грама дневно. Една од тие аминокиселини ја има само во месо и риба, но сепак телото може да ја произведе од комбинација на други аминокиселини. Затоа вегетаријанците обично имаат помала количина на креатин во телото.
Природно го има само во риба и месо, особено црвеното. Како суплемент постои во форма на прашок, таблети или капсули. Најдобрата варијанта е да се зема во форма на прашок.
Воздишка за вегетаријанците: овој суплемент не се произведува од месо.
Суплементацијата со креатин ја зголемува способноста на телото брзо да произведува енергија. Ова не значи дека креатинот ќе ве разбуди како на пример кафето. Тој овозможува поголема издржливост на мускулите и поголема сила кога се во употреба.
Зголемената мускулна енергија овозможува поголема експлозивност при изведување на вежбите. Ескплозивноста е клучна за мускулен раст.
Ефекти на креатинот:
.
- Дава поголем обем на мускулите.
- Ја зголемува мускулната сила.
- Ја зголемува мускулната енергија особено за активности за кои е потребен експлозивен напор.
За креатинот се смета дека е најефективен за тренинг со висок интензитет и експлозивни физички активности како бодибилдинг или друго вежбање со тежини и спортови за кои се потребни кратки но експлозивни напори – спринт, фудбал, пливање, итн.
Првиот ефект на креатинот е зголемување на телесната тежина и зголемување на волуменот на мускулите. Отпрвин ова е заради задржувањето на вода во мускулите. Околу 1-2 килограми се задржуваат во првата недела на конзумирање. Понатамошното зголемување на мускулниот обем е поспоро и е всушност зголемување на мускулната маса (доколку ги зголемувате тежините или интензитетот со кој вежбате и доколку се храните правилно).
Креатинот внесува вода во клетките на мускулите, што придонесува во процесот на раст на мускулите.
Тој се акумулира во телото – се складира главно во мускулите.
Доколку престанете неколку недели да конзумирате креатин ќе забележите намалување на обемот на мускулите и телесната маса. Потребни му се неколку недели за да се исфрли од телото. Ова не значи изгубена чиста мускулна маса туку намалена количина на вода во мускулите. Нема потреба од паника, мускулната маса не се губи така брзо и лесно.
Кога и колку се внесува?
Бидејќи креатинот се акумулира во телото, дневен внес од 3 грама е сосема доволен. Не е многу важно кога се внесува заради тоа што телото создава залиха од креатин во мускулите. Може да се внесува наутро, пред или по вежбање.
И покрај некои гласини кои кружат наоколу, дека креатинот не е добро да се конзумира повеќе од неколку месеци без прекин, доколку пиете 2 литра вода дневно, според нашето искуство нема потреба од паузи за креатин заради здравствени причини.
Најдобрите суплементи од повеќе аспекти
Припазете на пакувањето и брендот. Не се сите креатини еднакво добри. Некои содржат додадени супстанци што можат да предизвикаат нарушување на хормоналниот баланс и разни алергиски реакции.
Мускултура го препорачува само тоа што ги исполнува нашите стандарди. Креатин кој вреди за сите пари, без додатоци, без ГМО, сепак постои! Ќе добиете и дополнителен попуст доколку го впишете кодот Keto при вашата нарачка.