Некои луѓе сакаат да ги бројат калориите во исхраната. Тоа е ОК, меѓутоа прашањето е од каде доаѓаат тие калории и во кој сооднос. Мерењето на калорискиот внес само по себе не кажува многу.
Затоа ја создадовме Табелата на продукти за пресметка на нутритивни вредности и дневен внес. Малку подоцна за тоа. Текстот што следи се однесува на тоа како да се постигне многу подобра контрола врз исхраната и резултатите.
Што се макронутриенти
Макронутриенти – нутриенти што се внесуваат во поголеми количини а тоа се протеините, јаглехидратите и мастите. (И водата се смета за макронутриент). За разлика од микронутриенти кои се внесуваат во помали количини но сепак се есенцијални за живот а тоа се витамините и минералите.
За правилен начин на исхрана и подобра контрола, треба да знаеме што и колку внесуваме
Табелата дава брз и лесен преглед на добар број продукти со нивната содржина на макронутриенти и калории. Тука ќе можете да направите и пресметка колку вкупно протеини, јаглехидрати, масти и калории сте внеле со некој оброк или во текот на денот. Табелата ќе ви даде уште неколку важни информации.
Можете да ја планирате вашата исхрана и да проектирате оброци за да обезбедите оптимален внес на протеини, јаглехидрати и масти или да го видите нивниот сооднос во даден оброк/производ.