Водичи за пресметка
.
- Еден параметар може да биде вообичаениот калориски внес. Не е неопходно да се менува калорискиот внес за градење мускулна маса или за топење вишок масти, освен ако не е така погрешен што ги изместува потребните количини на протеини, масти и јаглехидрати.
Доколку пресметката со вообичаениот калориски внес ги опфати и следните три параметри правилно, тогаш неопходно е да се промени соодносот на видот калории, односно макронутриенти што се внесуваат. Хормоналните промени ќе се случат дури и вкупниот калориски внес да останал ист. - Доаѓаме до соодносот 25/5/70 како параметар. Во овие проценти (на калории од макронутриентите) телото најздраво функционира. Овој сооднос не е дефинитивен и апсолутен. За некои луѓе може да биде подобро 35/5/60. За некои 25/5/70. Но гледате 5-ката останува. Соодносот најмногу зависи од целта, моменталната тежина, физичката активност и други фактори. (Во табелата подолу ќе можете да прегледате кој е вашиот идеален внес според 25/5/70.)
– Во превод 25/5/70 значи, ако внесуваме околу 2000 калории дневно, тогаш 25% треба да бидат од протеини, односно 125 грама протеини, 5% од јаглехидрати, односно 25 грама, 70% од масти, односно 155 грама. - Друг параметар со првенствена важност особено за тие што вежбаат со тежини е внесот на протеини. Внесот на протеини зависно од тежината, целите и други фактори, треба да биде околу 1 до 2.5 грама протеини по килограм тежина, масти 1-3 грама и јаглехидрати не повеќе од вкупно 20, за некого и до 40 па и 50 грама дневно.
- Најдобро е да се пресмета дневниот потребен калориски внес тргнувајќи од параметарот со протеините. А остатокот макронутриенти (јаглехидрати и масти), според соодносот 25/5/70. Овие два параметри се во согласност. Ако резултатот се разидува во споредба со калориите од вообичаениот калориски внес, тогаш ова има предимство над вообичаениот калориски внес, бидејќи тој може да е преголем или премал.
Важно е да се одредат количините и да се задржи соодносот ако сакаме да постигнеме идеален хормонален профил. Потребните количини и самиот сооднос не се истото нешто. Соодносот е проценти, а количините се вкупни грамажи и вкупни калории.