Најголемиот број луѓе несвесно го бараат здравиот живот во поединечни „решенија“, додека продолжуваат да живеат на неправилен начин од аспект на здравјето. Бараат разни третмани, диети, суплементи, препарати, вежби и секакви други обиди за здрав живот, НАМЕСТО ЗДРАВ ЖИВОТ.
Она што прво секој мора да го разбере особено доколку има негативни состојби како вишок килограми, слаба или нестабилна енергија, лоша концентрација, лоша меморија, променливо расположение, разни состојби како дијабет, висок притисок… – е дека со сигурност има нездрави елементи во својот начин на живеење, без разлика дали е свесен за нив или не и без разлика ДАЛИ МИСЛИ дека е свесен за нив. Кога би ги знаел точните елементи, тогаш би можел да ги поправи. Доколку мислите дека имате некој штетен елемент (на пр. алкохол) но не можете да го поправите – тогаш постои друг скриен штетен елемент заради кој не можете да се справите. Проблемот не е тоа што луѓето мислат дека е. Инаку би го решиле.
Гледате, зборуваме за разбирање. Тоа е сржта, еден од најклучните елементи – во нашите програми ги увидувате вашите фактори и дознавате што, зошто и како. БИДЕЈЌИ, ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ Е ЗНАЕЊЕТО ОДНОСНО РАЗБИРАЊЕТО. Особено денес кога здравјето е под напад од сите страни: преку храната, воздухот, токсини во околината, погрешни совети…
Кога кај единката се зголемува разбирањето, тогаш станува полесно и ВОЗМОЖНО да води и одржува поздрав начин на живот.
Витамините и минералите, антиоксидантите, разните суплементи – нека се тоа најдобрите и најздравите на светот – не се замена за здрав начин на живот. Погрешната исхрана, алкохолот, цигарите, неспиењето, грешките во вежбањето – сите овие ја зголемуваат штетата во организмот. Тоа во телото ја зголемува потребата за алоцирање ресурси (енергија, процеси и нутриенти) за поправка. Наместо да добиеме појачување од суплементите или од кои било други обиди за здрав живот, добиваме ништо бидејќи се потрошиле поправајќи го веќе создадениот минус (штетата).
Ако имаме здрав начин на живот, воведеме правилна исхрана, го средиме сонот, го средиме вежбањето… – тогаш ВИСТИНСКАТА МОЌ НА ВИТАМИНИТЕ, МИНЕРАЛИТЕ, АНТИОКСИДАНТИТЕ И ДРУГИ ДОБРИ СУПЛЕМЕНТИ ДОАЃА ДО ПОЛН ИЗРАЗ. ТОГАШ НАСТАНУВА УШТЕ ПОВИСОКО НИВО НА УЖИВАЊЕ ВО ПОСТОЕЊЕТО!
Денес генерално не е позната реалната моќ на исхраната, вежбањето и суплементите бидејќи во денешните човечки тела, внесените нутриенти се ангажирани во смирување на ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА во која постојано внатрешно се наоѓаат. Нутриентите и кои било други ресурси треба да се користат за одење напред во нови нивоа, а не за поправка на минусот со што не се ни доаѓа до нулта точка. Денешниот човек оди надолу побрзо отколку што може да се поправи со кои било суплементи или поединечни решенија. Единствено преостанува воведување здрав начин на живот. И тоа е денешната последна надеж за човековото здравје. Тоа е Мускултура. Се работи за постигнување начин на живот кој не само што не е штетен, туку е таков што води кон поголема живост.
Тоа е прогрес. Исто како што можеме да имаме прогрес во кариерата и финансиите на пример, така прогрес можеме да имаме во здравјето, физичката и менталната состојба, во чувството на живост.
Поправање на штета е добро само доколку престане правењето на штетата. Тогаш ресурсите нè водат напред.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
11.02.2024