
Потребни состојки:
– 200 гр кето брашно
– 20 гр протеин од сурутка (или за посна варијанта употребете посен протеин)
– 15 гр какао
– 1 чоколадо засладено со стевиа или темно чоколадо со минимална количина јаглехидрати
– 20 гр кокосово масло
– 60 гр млеко (стандардно или за посно – бадемово, кокосово, може и вода)
– 3 лажички стевиа
Постапка:
Се меша кето брашното со какаото. На страна се топи чоколадото (во микробранова) со кокосовото масло. Во друг сад се меша протеинот со млекото и стевиата. Истопената смеса и измешаниот протеин се додаваат во брашното и какаото и се мешаат додека смесата не се изедначи. На крај се формираат бомбици и се валкаат во какао (по желба може да се извалкаат и во кокос или кето брашно).
Целиот рецепт содржи:
- 82 гр протеини
- 26 гр нето јаглехидрати
- 134 гр масти
Доколку ги поделите на 10 бомбици, ќе ги добиете следниве вредности по парче:
- 8.2 гр протеини
- 2.6 гр нето јаглехидрати
- 13.4 гр масти
Со правилна исхрана, десертот од овие бомбици е пригоден како замена за масти во даден оброк. Една бомбица заменува околу 13 гр масло. Превкусни се, а воедно многу храниливи и заситуваат.
Со правилен пристап и уживањето може да биде хранливо.
За други кето рецепти кликнете тука.
Вашите кето намирници порачајте ги од: www.ketokultura.mk.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
10.12.2023






